Art Market Budapest 2015
October 8, 2015
Интернационално претставување| Проектен простор Прес ту Егзит (MK) | Art Market Budapest 2015 | 8 – 12 октомври, 2015
Проектниот простор Прес ту егзит има чест да го најави своето учество на 5-тото издание на Art Market Budapest, интернационален уметнички саем во Унгарија кој се случува во периодот од 8-12 октомври, 2015 година, во Културниот центар Millenaris во Будимпешта.
Саемот ќе понуди презентација на широк спектар на уметнички дела од околу 30 земји од светот, претставени од домашни и интернационални галерии и непрофитни организации. Истиот е концепиран како единствена уметничка композиција од највозбудливите изложбени простори во Европа, која освен што претставува изложувачи добредојдени од уметничките саеми со најстара традиција, акцентот го става и на присуството на младата генерација на галеристи и уметници. Со тоа саемот дефинира нов културен регион: Young Europe, каде можат да се најдат комбинирани влијанија од поранешните комунистички земји од Балтикот до Балканот, од извори на културна инспирација каква што е Турција, Израел, земјите од Централна Азија или прогресивната нова генерација на уметници од Западот.