logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

5ти Интернационален симпозиум КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ | Институционалното како јавно| организиран од Проектен простор Прес ту егзит | 22 септември – 01 октомври Tag

presstoexit / Posts tagged "5ти Интернационален симпозиум КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ | Институционалното како јавно| организиран од Проектен простор Прес ту егзит | 22 септември – 01 октомври"

КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ 5: Институционалното како јавно

5ти Интернационален симпозиум КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ | Институционалното како јавно организиран од Проектен простор Прес ту егзит | 22 септември – 01 октомври, 2016

Кураторски размени е годишен симпозиум кој ја третира локалната и регионална потреба од квалитативна размена на знаење и искуства кои се однесуваат на теоретски и уметнички истражувања, кураторски практики и едукација. Петтото по ред издание на симпозиумот насловен „Институционалното како јавно“ ги претставува словенечката историчарка и теоретичарка на уметност Бети Жеровц, австриската кураторка, културна теоретичарка, урбана истражувачка и писателка Елке Красни, и македонската уметничка и урбана истражувачка од Берлин Ивана Сиџимовска, кои ќе приложат различни дискурзивни презентации и проекти преиспитувајќи до кој степен институциите, јавноста и уметничката практика коренспондираат со развојните концептоти за критичко курирање. Улогата и се по забележителното влијание на кураторот во контекст на културната продукција воопшто, како и условеноста на неговото делување во и вон институционалните рамки, ќе бидат подложени на критичко размислување и анализа со секоја презентација и работна сесија. На тој начин симпозиумот ќе се обиде да адресира различни методологии и услови кои ја дефинираат кураторската практика како канал за социјални и политички критики и како практика изразена како логичен континуитет во процесот на поттикнување на културните, како и социо-политичките промени во современото општество.

Симпозиумот е куриран, организиран и реализиран од страна на историчарката на уметност и кураторка Јованка Попова, и уметниците и коосновачите на Проектниот простор Прес ту егзит, Христина Иваноска и Јане Чаловски.