logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

20 часот Tag

presstoexit / Posts tagged "20 часот"

CrossSections | Башак Шенова

Недисциплинирани форми на знаење |  Интернационален симпозиум „Кураторски размени“ |  Презентација на Башак Шенова |  Музеј на современата уметност Скопје |  5 декември 2018, 20 часот

На 5 декември (среда), со почеток во 20.00 часот во Музејот на современата уметност во Скопје, ќе се одржи презентација и разговор со Башак Шенова, кураторка и дизајнерка.

Во скопје таа ќе го претстави проектот Crossections, интердисциплинарна платформа за уметничките истражувања, дијалозите и продукцијата. Во текот на три години (2017-2019), со учество на 19 уметници, овој проект планира соработка со научници, уметници и културни работници, одржувајќи групни и јавни состаноци, работилници, изложби, претстави и разговори ќе се одржат во Виена, Хелсинки и Стокхолм.

Белинда Казим-Камински / Филмска проекција и разговор

Недисциплинирани форми на знаење |  Интернационален симпозиум „Кураторски размени“ |  Филмска проекција и разговор со Белинда Казим-Камински |  Музеј на современата уметност Скопје |  15 ноември 2018, 20 часот

Во четврток, на 15ти ноември со почеток во 20:00 часот, во Кино салата на Музејот на современата уметност во Скопје, ќе се одржи проекција на два краткометражни филма и разговор со Белинда Казим-Камински, уметница, истражувачка и писателка од Виена. Нејзин фокус на интерес се сеќавањето, траумата и црната радикална имагинација. Во моментот таа е докторски кандидат на PhD-in-Practice програмата при Академијата за ликовна уметност, Виена.

Во рамки на ова нејзиното прво претставување пред македонската публика, Белинда Казим-Камински ќе не запознае со нејзината истражувачка работа и уметничка практика преку прикажувањето на нејзините два краткометражни филма „Откопување. Во разговор“ (2017) и „Писмото“ (2018), по што ќе следи разговор со публиката.

Лиза Нојберг: Телото како вселенски брод

Недисциплинирани форми на знаење |  Интернационален симпозиум „Кураторски размени“ |  Презентација на Лиза Нојберг (Lisa Nyberg) |  Музеј на современата уметност Скопје |  26 октомври 2018, 20 часот

Телото како вселенски брод: медитацијата како уметничка и експериментална практика 

„Храбро искравувајќи се во телото како вселенски брод, соочени со непозната и вознемирувачка иднина, ќе работиме на нашите вештини за колективна грижа и издржливост и ќе го споделиме нашето знаење во сесија на дишење, слушање и колективно пишување.“ Нашиот водич на ова патување е Лиза Нојберг, уметничка од Малме, која ги истражува радикалните можности за педагогија и перформанси преку процеси кои вклучуваат колективни, утописки, трансгресивни, пресечни и критични практики. Работата на Нojберг е во форма на самоорганизирани простори, институционални процеси, работилници, предавања, изведби, видеа, книги и звучни дела.

Кураторски размени | Презентација на Герги Ласло (Gergely László)

Интернационален симпозиум „Кураторски размени“|  Презентација на Герги Ласло (Gergely László) |  Музејот на современата уметност Скопје |  13 октомври 2018, 20 часот

Презентацијата е дел од годишната програма на Проектниот простор Прес ту егзит со наслов „Недисциплинирани форми на знаење“ во рамките на серијата „Предавања, презентации и изложби“ и Меѓународниот симпозиум „Кураторска размени 7: Курирање урбани заедници“.

Од 2004 година Герги Ласло (1979) е член на уметничкиот колектив Техника Швајц (Tehnica Schweiz) заедно со Петар Ракоси (Péter Rákosi) (1971), а во неколку наврати соработувале со српската уметничка Катарина Шевиќ (1979). Лазло и Шевиќ моментално живеат во Берлин. Помеѓу 2002 и 2012 година, во Будимпешта, тие биле вклучени во водење на неколку уметнички простори, меѓу кои и Dinamo, Impex – Contemporary Art Provider и Lumen Foundation.