Проектен координатен систем
Надворешни активности | Проектен простор Прес ту егзит | Јованка Попова | Coordinate System Project | во организација на Butterbrot Cultural Project, Partizaning | Берлин, 14 – 22 мај, 2017.
Јованка Попова, програмски координатор на Прес ту егзит простор проектот учествуваше со презентација на програмските активности на Проектниот простор Прес ту егзит на LAB програмата во рамки на Coordinate System Project (14-19 мај). Во текот на програмските активности уметници, активисти и урбани истражувачи работеа заеднички со цел заедничко вмрежување и подготовка на идни активности.
Како уметноста преживува во време кога демократијата е уништена? Кои одговори може уметноста да ги понуди кога станува збор за присвојувањето на јавните места од страна на приватни претприемачи и тековните политики? Какви практики е потребно да се развијат? На кои начини уметничките практики излегуваат вон постоечките координати? Кои субверзивни стратегии треба да се спроведат?
Програмата на проектот која вклучува предавања, презентации, трибини и видео проекции, предвидува три тематските сесии со истражувачи, уметници и куратори од земјите од Централна и Источна Европа. Целта на истата е да овозможи претставување и проценка на моменталната состојба на прашања кои се однесуваат на поврзаноста помеѓу уметничка интеракција и урбаните јавни простори.