logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

Хрватска Tag

presstoexit / Posts tagged "Хрватска"

Взаемно поле на културната меморија

Меѓународен проект | Взаемно поле на културната меморија | Партнерски организации: Проектен простор Прес ту егзит, Loose Associations (Слободни врски), Санс енд старс | Македонија, Хрватска, Холандија, 2019 

(Не)дисциплинирано:   Градење на архива – програма продуцирана во контекст на меѓународниот проект „Взаемно поле на културната меморија“

Меѓународен симпозиум Еј, што имаме да изгубиме? Архивирањето како колективен чин на отпор, 31ви мај – 1ви јуни 2019; Уметничка резиденција 29ти мај – 14ти јуни 2019; Изложба – Музеј на современа уметност, Скопје 31ви мај – 7ми јуни, 2019; Мобилна галерија – Центар за современи уметности Скопје 10ти јуни – 15ти јуни, 2019

Меѓународниот симпозиум, уметничка резиденција и изложба во рамки на „(Не)дисциплинирано: Градење на архива“ – едногодишната курирана програма на Проектниот простор Прес ту егзит обмислена во рамки на меѓународниот проект „Взаемно поле на културна меморија“ 31ви мај – 21 јуни, 2019 Скопје, Република Северна Македонија

Меѓународниот проект „Взаемното поле на колективната меморија“ се однесува на етиката на културното наследство и капацитетот на уметничките практики да раздиплат новите односи и разбирања на историјата. Програмата на Проектниот простор Прес ту егзит, покрај дводневниот симпозиум – разбран како еластичен и перформативен модел на презентација на содржини – ќе вклучува и уметничка резиденција и изложба. Фокусот на сите активности се колективните процеси, политики, алатки и технологии за архивирање, со истражување на граѓанските стратегии за преземање одговорност за заедничкото културно наследство и иднината на взаемната меморија.

Дијалог (форма на одговор)

Надворешни активности | Христина Иваноска и Јане Чаловски | Изложба „Дијалог (форма на одговор)“| Курирана од Бранка Бенчиќ а организирана од Тихомир Миловац, и Вања Жанко | Музеј на современа уметност во Загреб, Хрватска, 25-ти ноември 2017.

Македонските уметници Јане Чаловски и Христина Иваноска ќе се претстават со самостојна изложба насловена  „Дијалог (форма на одговор)“ која ќе биде отворена во Музејот на современа уметност во Загреб, на 25 ноември (сабота) со почеток од 19 часот. Куратор на изложбата е Бранка Бенчиќ.

Изложбата Дијалог (форма на одговор) е втора од серијата од три изложби конципирана да ги собере и мапира индивидуалните и заедничките интереси на умениците, насочени кон политиките на уметничката продукција, како и институционалните контексти во кои уметниците делуваат.

Партиципативно управување во културата: Истражување на практики, теории и политики. Да направиме заедно

Надворешни активности | Јованка Попова учесник на конференција „Партиципативно управување во културата: Истражување на практики, теории и политики. Да направиме заедно“| организирана од фондацијата Култура Нова | Риека, Хрватска, 22-24 ноември 2017.

Во Риека во периодот од 22 до 24 ноември, 2017 година се одржа интернационална конференција насловена “Партиципативно управување во културата: Истражување на практики, теории и политики. Да направиме заедно”.  На конференцијата како претставник на Јадро – Асоцијацијата на независната културна сцена, зема учество Јованка Попова која направи претставување на мисијата, делувањето и активностите на асоцијацијата.