4 ИДЕИ / РЕМИКС
August 30, 2017
Изложба | 4 Идеи / Ремикс: Иваноска, Жерновски, Јовановиќ, Чаловски | курирана од Јованка Попова | Галерија „Акантус“, ул. Орце Николов бр. 99, Скопје, 03.09-21-09. 2017 209.00 ч.
Изложбата „4 Идеи / Ремикс“ опфаќа избор на дела на четворица современи македонски автори: Христина Иваноска, Велимир Жерновски, Ѓорѓе Јовановиќ и Јане Чаловски. Како што насочува и самиот наслов, четири генеологии на концептуално и визуелно обмислување и изразување се ставени во меѓусебен дијалог поставувајќи контекст за делата остварени во рамки на проектот „Everything Matters Prototypes“ во реализација на Проектниот простор Прес ту егзит од Скопје.