logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

Сѐ што работи-Христина Иваноска и Јане Чаловски Tag

presstoexit / Posts tagged "Сѐ што работи-Христина Иваноска и Јане Чаловски"

СÈ ШТО РАБОТИ / Everything Matters Prototypes

Проектна активност | Уметници: Христина Иваноска и Јане Чаловски | СÈ ШТО РАБОТИ / Everything Matters Prototype| мај – ноември 2014

“Сѐ што работи” e проект на уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски кој го третира концептот за производство на прототипи на предмети кои функцираат како уметнички објекти. Намерата на проектот е да развие серија на прототипи или помали едиции на производи во соработка со занаети во изумирање, или во соработка со мали фирми чие производство е насочено кон реализирање на производи во еден конкретен медиум.

Проектот ја потенцира важноста на уметникот во креирање на било каква содржина или производ на пазарот на трудот. Оттука, тој се осврнува на проблемот со новите производствени системи, продукт на новонастанатиот транзициски систем, кои не ја препознаваат важноста на уметникот во процесот „од идеја до реализација“ сметајќи го за излишен и економски неодржлив, сведувајќи го производството на репродукција, а не на креација. И додека во големите производствени линии, во времето на социјализмот, уметникот беше дел од креативниот тим кој размислува за аплицирање на уметничкото и естетското во масовното производство, таа суштинска алка во производството исчезнува со распадот на еден економски систем во наметнатата потреба да се замени со друг. Истовремено, иако артизанот, како нова категорија на македонскиот пазар, се појави и се развива во изминатите дваесетина години, уметниците кои создаваат во полето на современата уметност скоро и да немаат никаков допринос во оваа гранка од културниот и социо-економскиот сегмент од општеството.