Културен џетлег – Музеите во/и регионот
Предавање на Аленка Грегорич | Културен џетлег – Музеите во/и регионот | Музеј на современа уметност во Скопје, 18-ти декември 2017, 20.00 ч.
Проектниот простор Прес ту егзит заедно со Музејот на современа уметност во Скопје организираат предавање на Аленка Грегорич, уметничка директорка и кураторка во Градската уметничка галерија во Љубљана.
Една од најстарите и најразвиените организациски структури во уметничкиот систем е музејот. Основата на професионално работење на музејот: стратегија поврзана со колекцијата, програма, изложбени активности, комуникација со јавноста, издаваштво, едукација и маркетинг, претставуваат дел од кохерентнo изградена визија. Но, денес, кога се чини дека музеите покажуваат особен интерес кон маркетиншките начини и средства за промовирање на колекциите и содржините поврзани со истите, неопходно е да се биде свесен за опасностите на маркетинг ориентираните приоди во создавањето на музејските стратегии.