Отворен повик / Summer School as a School 2018
Отворен повик | летна школа Summer School as School | Stacion – Центарот за современа уметност, Приштина | 20 мај, 2018.
Проектниот простор Прес ту егзит со задоволство информира дека Stacion – Центарот за современа уметност од Приштина го објави отворениот повик за учество на летната школа Summer School as a School (SSAS) за 2018 година.
Проектниот простор Прес ту егзит од Скопје како партнерска организација од основањето на проектот во соработка со организаторот Stacion – Центарот за современа уметност, а со поддршка на Министерството за култура на Р. Македонија овозможува финансирање на учество на школата за двајца македонски кандидати.
Summer School as a School (SSAS) е уметничка и образовна платформа иницирана и имплементирана од Stacion – Центарот за современа уметност во Приштина во соработка со Проектен простор Прес ту Егзит од Скопје, групата IRWIN, Cultural Center Rex / Fund b92, Белград, Art House, Скадар, Institute for Contemporary Art, Подгорица, Sonemus Association, Сараево, Independent Curators International – ICI, Њујорк.
Програмата на школата ќе се одржува во периодот од 16-ти јули до 2-ри август, 2018 година.
Крајниот рок за пријавување на истата е 20-ти мај, 2018. Резултатите ќе бидат објавени најдоцна од 30-ти мај, 2018 година.