Друга Унгарија, друга Македонија? Критичка рурална уметност и субалтерна контрајавност
December 10, 2018
Недисциплинирани форми на знаење | Кураторска резиденција | Презентација на Каталин Ердоди | Музеј на современата уметност Скопје | 13 декември 2018, 18 часот
„Руралното не е ново. Руралното не е статично. Руралното не исчезнува. (…) Руралното е мноштво и е динамично, може да е поврзано или одделно од географијата, може да биде ментална рамка, одредена практика или заеднички идентитет. Тоа е заеднички поим кој не е прецизен. (…) Стремиме да ја преиспитуваме културната хегемонија на урбаното и заговараме, правејќи простор и време за да го разбереме руралното како место на и за културна продукција.“ Kathrin Böhm/Wapke Feenstra, Myvillages