logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

куратор: Јованка Попова Каде да (не) се оди? Њујорк Tag

presstoexit / Posts tagged "куратор: Јованка Попова Каде да (не) се оди? Њујорк"

Каде да (не) одиме?

Изложба | Каде да (не) одиме? | организирана од проектен простор прес ту егзит | куратор: Јованка Попова| Галерија МЦ, Њујорк|16 февруари – 1 март 2015 (отворање на изложбата и разговор со кураторот и уметниците Ѓорѓе Јовановиќ и Јане Чаловски: 23 февруари, 19.00 ч.)

Уметници: Христина Иваноска, Ѓорѓе Јовановиќ, Филип Јовановски, Александар Ковачевски, Владимир Лукаш, Нада Прља, Даниел Серафимовски, Тихомир Топузовски, Никола Узуновски, Неда Фирфова, и Јане Чаловски.

Во која мера историските и политичките пресврти се одразени во сегашниот изглед на градот? Дали го препознаваме урбаното како јадро на социјална солидарност или пак како простор за остварување на разновидни политички агенди? На кој начин се справуваме со моќта и нејзиното директно влијание врз урбаниот развој? Преку деконструирање на процесите на илустрирање, архивирање, документирање и изведување, уметниците се соочуваат со мноштвото контрадикции со кои во Македонија се обидуваме да опстојуваме. 

Осврнувајќи се на теми како што се историскиот и урбан развој на Скопје, социјалната нееднаквост, политичката, културна и економска репресија врз маргинализираните, скорешните несоодветни образовни реформи и редизајнирање на традиционалните вредности, уметниците претставени во групната иложба KAДЕ ДА (НЕ) ОДИМЕ? не отстапуваат од потребата за аргументирање и натамошно истражување на нивните индивидуални позиции. Оттука, „каде да (не) одиме?“, всушност се однесува на она – „зошто да чекаме повеќе?“. Вниманието е свртено кон она што е лево ориентирано и неискажано, она што се огласува зад тишината на сивата документација, граничните точки во кои дискурсите се оспорени или пак генерираат контра-дискурси. Изложбата е конципирана во четири целини во кои се групирани по три дела од поновата продукција на дванаесет современи македонски автори.