Велимир Жерновски на резиденциски престој во Австрија
Резиденциски престој | во организација на < rotor > center for contemporary art Graz и Проектен простор Прес ту егзит | уметник: Велимир Жерновски | април, 2016
Проектниот простор Прес ту егзит со задоволство објавува дека уметникот Велимир Жерновски, во текот на месец април 2016 година, остварува резиденциски престој во Грац, Австрија, како дел од програмата на проектот WEST BALKAN CALLING. Резиденцискиот престој на Жерновски е во организација на < rotor >, асоцијација за современа уметност од Грац, во соработка со Проектниот простор Прес ту Егзит.
Проектниот простор Прес ту егзит за овој резиденциски престој предложи десет македонски уметници од помладата генерација, од кои, по одлука на меѓународно жири, беше поканет Велимир Жерновски. Возвратно, кон крајот на месец август Проектниот простор Прес ту егзит ќе го очекува пристигнувањето на австрискиот уметник Wolfgang Obermair на едномесечен резиденциски престој во Скопје.