logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

Христина Иваноска и Јане Чаловски | изложба „Сираци на културата Tag

presstoexit / Posts tagged "Христина Иваноска и Јане Чаловски | изложба „Сираци на културата"

Дијалог (форма на одговор)

Надворешни активности | Христина Иваноска и Јане Чаловски | Изложба „Дијалог (форма на одговор)“| Курирана од Бранка Бенчиќ а организирана од Тихомир Миловац, и Вања Жанко | Музеј на современа уметност во Загреб, Хрватска, 25-ти ноември 2017.

Македонските уметници Јане Чаловски и Христина Иваноска ќе се претстават со самостојна изложба насловена  „Дијалог (форма на одговор)“ која ќе биде отворена во Музејот на современа уметност во Загреб, на 25 ноември (сабота) со почеток од 19 часот. Куратор на изложбата е Бранка Бенчиќ.

Изложбата Дијалог (форма на одговор) е втора од серијата од три изложби конципирана да ги собере и мапира индивидуалните и заедничките интереси на умениците, насочени кон политиките на уметничката продукција, како и институционалните контексти во кои уметниците делуваат.

Симптоми на општеството

Надворешни активности | Христина Иваноска и Јане Чаловски | Изложба “Symptoms of Society”| Курирана од Аленка Грегорич а во организација на Градската галерија од Љубљана | Guangdong Museum of Art во Кина, 27-ми мај – 8-ми јуни 2017.

Христина Иваноска и Јане Чаловски со нивното заедничко дело „Музејот на модерна уметност на Оскар Хансен“ учествуваат на групната изложба “Symptoms of Society” курирана од Аленка Грегорич а во организација на Градската галерија од Љубљана, која се отвори на 26 мај во Guangdong Museum of Art во Кина. Изложбата ќе трае од 27 мај до 8 јули, 2017 година. Во фокусот на изложбата се дела од различни генерации, земји и медиумите. Во текот на подготовката на изложбата се развила поголема група на теми кои се однесуваат на бројни прашања на современото општество како: градот и урбаниот развој, националните ликовни истории, „заедничките“ уметнички системи и историја, територии итн.

Студено од Балканот

Надворешни активности | Христина Иваноска и Јане Чаловски | Изложба Студено од Балканот | Курирана од Alenka Gegorič и Ali Akay | Pera Museum, Истанбул, 9-ти ноември, 2016
 
На 9-ти ноември во Пера музејот во Истанбул, ќе биде отворена изложбата Cold Front from the Balkans каде ќе бидат претставени и уметниците Јане Чаловски и Христина Иваноска. По повеќе од десет години, изложбата Cold Front from the Balkans е уште еден обид да се направи преглед на уметноста од Балканот. Насловот на изложбата потекнува од една изрека која некогаш била користена за да се предвиди доаѓањето на зимата во Истанбул од студените ветрови од балканските планини како предвесник на доаѓањето на новата сезона. Исто така, насловот упатува и на турбулентните политички и социјални настани во Балканскиот Полуостров, што доведе до големи историски и политички промени, вклучувајќи ги и војните, а изреката стана фраза најава за (социјални) промени. Куратори на изложбата, која ќе биде отворена на 9-ти ноември во Пера Музејот се Alenka Gegorič, уметнички директор и кустос во Уметничката галерија на Љубљана и Tobačna 001 CC и Ali Akay, кој е куратор и академик.

Сираци на културата, легенди и херои – втор дел

Надворешни активности | Христина Иваноска и Јане Чаловски | изложба Сираци на културата, легенди и херои – втор дел“ | ЖАК|БРАНИЦКА галерија, Берлин | 16 јануари – 23 април, 2016 

На 15-ти јануари се отвори втората по ред изложба во галеријата ЖАК|БРАНИЦКА во Берлин на уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски која е насловена „Сираци на културата, легенди и херои – втор дел“. Изложбата е продолжување на нивните континуирани интереси за начините на кои модерната ги обликува нашите културни и политички читање на сегашноста (кои уметниците ги истражуваа и во изложбата „Сираци на културата, легенди и херои“ поставена во 2007 година во галеријата „Кроника“, чиј куратор беше Себастијан Цихочки). Неразделната врска на вербата и метафизиката, присутна во нивните претходни заеднички дела „Ние сите сме сами во ова“ (56. Биенале на Венеција, 2015) и „Неизговорено“ (Малме музеј за уметност, 2015), е карактеристична и за нивната најнова соработка насловена „Целост“ (2015). Ова дело составена од 11 панели од цртежи на рачно изработена ленена ткаенина, се базира на концептуалното текстуално дело на Ед Рајнхард и графичкиот дизајн на Бриџит Рајли објавени во 1966 година во 18-тиот број на списанието Poor.Old.Tired.Horse, списание за конкретна поезија, чиј уредник е Јан Хамилтон Финли.