logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

презентација на Јане Чаловски „Поранешен град“ | во рамки на програмата на Летната школа како школа | организирана од Stacion Center for Contemporary Art Prishtina Tag

presstoexit / Posts tagged "презентација на Јане Чаловски „Поранешен град“ | во рамки на програмата на Летната школа како школа | организирана од Stacion Center for Contemporary Art Prishtina"

Поранешен град / Летна школа како школа

Надворешни активности | презентација на Јане Чаловски „Поранешен град“ | во рамки на програмата на Летната школа како школа | организирана од Stacion Center for Contemporary Art Prishtina, 11 јули, 2017, 19.00 ч.

Јане Чаловски и Ангелика Степкен (Angelika Stepken) на Летната школа како школа 2017. Место: Боксерски клуб, ул. Марк Исаку, Приштина, Косово

Стацион – Центар за современа уметност, Приштина со задоволство ја најавува презентацијата на Јане Чаловски и Ангелика Степен како дел од Јавната програма на Летната школа како школа за 2017 година.

Презентацијата на Јане Чаловски “Поранешниот град: горење на модернистичкото минато”, почнува со следнава изјава:

Секогаш кога доживуваме загуба на нешто кое е поврзано со нашата колективна историја, било да е тоа документ, зграда или личност, чувствуваме како да сме ја изгубиле основата за сегашноста и иднината. Тоа е вознемирувачко, дезориентирачко и крајно, изнемоштено искуство. Кога изгубеното пак, е важна модернистичка архива на поранешна државна институција (приватизирана од средината на 90-тите години), не сме сигурни каде да го насочиме гневот, разочарувањето, но и нашето разбудено чувство на одговорност со намера нешто да сториме за повторно да го вратиме изгубеното и можноста за критичка дискусија. Презентацијата ќе се фокусира на процесот кој го иницираше „Поранешен град“ (2018),  најновиот истражувачки проект / инсталација за исчезнатата архива на урбаниот план за Скопје, изготвен од Канзо Танге и неговите соработници во 1963/65 година, во соработка со голем број локални и Југословенски архитекти и урбанисти.