logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

Кураторски резиденцијален престој | Каталин Ердоди | Проектен простор Прес ту егзит | 19 ноември -17 декември 2018 Tag

presstoexit / Posts tagged "Кураторски резиденцијален престој | Каталин Ердоди | Проектен простор Прес ту егзит | 19 ноември -17 декември 2018"

Резиденциски престој на Каталин Ердоди

Кураторски резиденцијален престој |  Каталин Ердоди |  Проектен простор Прес ту егзит |  19 ноември -17 декември 2018

На покана на Проектниот простор Прес ту егзит, а во рамки на програмата „Иницијатива за кураторски гостувања“ од 19 ноември до 17 декември, 2018 год. во Македонија престојува Каталин Ердоди (1980, Дебрецен, Унгарија). Таа е кураторка, истражувачка и културна работничка активна во полето на современата уметност и перформанс од 2004 година. Нејзината пракса се фокусира на интердисциплинарни соработки, политички ангажирани уметнички и кураторски стратегии, експериментални перформативни формати и уметност во јавен простор, во широка смисла разбрана како општествен, архитектонски и дискурзивен простор. Таа живее и работи во Виена.

За време на нејзиниот престој во Скопје, Каталин Ердоди ќе направи истражување базирано на практика кое е дел од нејзините докторски студии. Нејзиното истражување се однесува на постсоцијалистичката рурална состојба во Унгарија и во другите поранешни социјалистички земји, вклучувајќи ја и Македонија, осносно социо-економските, политичките и културните процеси на трансформација во руралните средини, со политичка транзиција од крајот на 80-те / почетокот на 90-те како пресврта точка. Таа ги испитува хетерогените и фрагментираните реалности на руралните промени – особено фокусирајќи се на трансформацијата на земјоделската работа, руралната егзистенција и секојдневниот живот – со помош на уметнички и кураторски стратегии поврзани со јавната уметност, уметничкото истражување и социо-политичкиот ангажман.