Студено од Балканот
November 5, 2016
Надворешни активности | Христина Иваноска и Јане Чаловски | Изложба Студено од Балканот | Курирана од Alenka Gegorič и Ali Akay | Pera Museum, Истанбул, 9-ти ноември, 2016
На 9-ти ноември во Пера музејот во Истанбул, ќе биде отворена изложбата Cold Front from the Balkans каде ќе бидат претставени и уметниците Јане Чаловски и Христина Иваноска. По повеќе од десет години, изложбата Cold Front from the Balkans е уште еден обид да се направи преглед на уметноста од Балканот. Насловот на изложбата потекнува од една изрека која некогаш била користена за да се предвиди доаѓањето на зимата во Истанбул од студените ветрови од балканските планини како предвесник на доаѓањето на новата сезона. Исто така, насловот упатува и на турбулентните политички и социјални настани во Балканскиот Полуостров, што доведе до големи историски и политички промени, вклучувајќи ги и војните, а изреката стана фраза најава за (социјални) промени. Куратори на изложбата, која ќе биде отворена на 9-ти ноември во Пера Музејот се Alenka Gegorič, уметнички директор и кустос во Уметничката галерија на Љубљана и Tobačna 001 CC и Ali Akay, кој е куратор и академик.