Раскажувајќи го Скопје. Скопје 2014: Хегемониски и спекулативни наративи
Аудио тура: „Раскажувајќи го Скопје. Скопје 2014: Хегемониски и спекулативни наративи“, уметнички дел од докторска дисертација на Ивана Сиџимовска | 5ти Интернационален симпозиум КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ | Институционалното како јавно | организиран од Проектен простор Прес ту егзит | 30 септември, 2016, плато пред Музеј на град Скопје
Уметничкиот дел од докторското истражување на Сиџимовска е поврзан со неолиберални симболични урбани реконструкции, со фокус на преобразбата на градот Скопје односно ефектите на урбаното обновување врз јавниот простор. Создадена на основ на граѓаните и нивните субјективни приказни, замислени ситуации и искуства на урбаното, кои ги споделиле при прошетка со авторката, се создава шпекулативен наратив на градот, во кој се проектираат идеи за повторна проценка, преформулирање и поинакво толкување на реконструкцијата. Во комбинација со повеќе сонични опсервации, снимани на бинаурален начин, оригиналните интервјуа со граѓаните се процесираат, преведуваат и развиваат во форма на интерактивна сонична прошетка.
Бројот на присутни на турата е ограничен, а заинтересираните за настанот своето присуство во еден од посочените термини ќе можат да го потврдат на: presstoexit@gmail.com