Предавање на Ариане Шпаниер
Предавања и презентации | Ариане Шпаниер – „Современиот дизајн и независните издавачки практики како глас на маргините“ | Крик – фестивал за критичка култура: КРИК 04: Човек без својства – политики на маргините | организирано од Контрапункт и Прес ту егзит | Чифте амам, Национална галерија, 22.11. 2019
Списанието Fukt во изминатите 20 години го истражува современиот цртеж. Низ годините има изградено богата архива на рачно цртани уметнички дела. Во последните изданија критички истражува теми како што се родот, текстот и зборовите во цртежот и системите. Предавањето на Ариане Шпаниер насловено како „Современиот дизајн и независните издавачки практики како глас на маргините“ ќе се фокусира на приказната за издавањето, паралелно на лична перспектива, како и на пошироката слика на создавањто траги, дизајнот и креативниот процес, пред се.
Изминатите декади сведочат пораст на самостојни издавачи, особено помеѓу уметничката заедница, преку уметнички саеми на книги насекаде низ планетата и многу нови можности за продукција и дистрибуција. Кои се придобивките, а кои препреките во креирањето независна платформа и да се биде независен издавач во денешното општество?
Преку визуелна имагинација и интервјуа списанието подеднакво ги застапува веќе етаблираните, како и новите уметници. Како што се менува неговиот дизај и изглед од број до број, од тема до темата, последното издание на Fukt, насловено The System Issue, комуницира со нас преку адптирана и модифицирана насловна страна и дизајн на мрежно прекршувањ. Препознавајќи ја внатрешната човечка потреба за создавање системи, 18то изданије на Fukt истражува како уметниците ги интерпретираат и инкорпорираат системите во нивната работа. Без раслика дали е критика на политички ситем, или метедолошка група на правила која уметникот ја следи за да создаде дело, преку следење на специфични распореди и развивајќи структури за неговиот креативен процес, или преку измислувајќи нови утописки системи – списанието прикажува голем број на различни перспективи поврзани со системите на цртање, уметничко создавање и начин на размислување.
Aриане Шпаниер е родена во Вајмар, Германија. Студирала визуелна комуникација на Академијата за Уметност во Берлин. По престој во Њујорк во 2005 година таа отвара дизајнерско студио во Берлин. Голем број од нејзините клиенти доаѓаат од културното миље, тие се галеристи, уметници, режисери, музичари, издавачи и архитекти. Нејзиното студио е фокусирано на дизајн на книги, каталози, постери, како и идентитети, анимации, илустрации и дигитален дизајн. Од 2006 година Ариане е креативен директор на Fukt, годишно списание за современ цртеж. Шпаниер е интернационално многукратно наградувана, нејзината работа била публикувана во многу списанија и дизајнерски книги. Од 2013 година е член на Alliance Graphique Internationale, а од 2018 година е дел од постојаното жири на годишниот натпревар Kieler Woche. Моментално живее и работи во Берлин.
http://www.kontrapunkt-mk.org/?fbclid=IwAR1V99BbBBiE5BeNyew4FumrbtFhlJ-kK5rGgPK7aqpOthOhwg6jDUb-EZM
No Comments