logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

Blog

presstoexit / news  / Еј, што имаме да изгубиме? Архивирањето како колективен чин на отпор

Еј, што имаме да изгубиме? Архивирањето како колективен чин на отпор

Меѓународен симпозиум и изложба Еј, што имаме да изгубиме? Архивирањето како колективен чин на отпор | Музеј на современа уметност Скопје | 31 мај – 1 јуни 2019 

 На 31 мај и 1 јуни во Музејот на современата уметност во Скопје ќе се одржи Меѓународен симпозиум и изложба во органиација на Здружението за современа уметност и кураторски практики „Проектен простор Прес ту егзит“.

Наслов на симпозиумот е „Еј, што имаме да изгубиме? Архивирањето како колективен чин на отпор“. Покрај симпозиумот ќе биде отворена и изложба, која ќе биде достапна за јавноста од 31 мај до 7 јуни 2019 во МСУ.

Потребата да се реализира еден ваков симпозиум во Скопје, меѓународно реномираните уметници Јане Чаловски и Христина Иваноска од Прес ту егзит причините ги бараат во инцидентот од 21 април 2017 година, кога пожар го уништи Завод за урбанизам и архитектура во Скопје. Лоциран во неколку бараки од 60-тите години, во заводот беше сместена архивата за реконструкцијата на пост-земјотресно Скопје (1963). Архивата на заводот, која содржеше планови, меморандуми, извештаи, брошури, книги, урбанистички студии и макети значајни за македонскиот идентитет, веќе лошо оштетена од пламен, чад и вода, беше оставена во руините на заводот и изложена на случајните минувачи.

Во отсуство на граѓанска должност за организирање и расчистување, штетата беше комплетна. Неколку недели по пожарот, за време на одржување на 6. Меѓународен симпозиум „Кураторски размени: Простори, функции фикции и други заеднички именители“, тимот на Проектниот простор Прес ту егзит, заедно со локални и меѓународни уметници, а со поддршка на значајни институции и асоцијации како Државниот архив на РМ, Музеј на град Скопје и Асоцијација на архитекти, организираа акција за расчистување и заштитување на дел од документите и предметите од понатамошо оштетување. Овој гест и собраните документи ќе бидат појдовна точка за македонската програма во рамки на симпозиумот.

Преку овој јавен настан ќе се реанимира прашањето за нашиот однос кон незаштитеното модернистичко културно наследство, особено во однос на современото Скопје (пост „Скопје 2014”) и општествената употреба на просторот. Ќе се разговара и за недостатокот од достапна, кохерентна и јавна архивна материја по прашањето за културолошкото значење на Мастер планот за Скопје и како да се архивираат преостанатите спомени од материјалната модернистичка култура на градот. И како да се размислува и разговара за поимот „архивизам” како обединувачки концепт за архивистичка систематизација на документи вклучително и чинот на граѓанска свесност и учество во процесот на ескавација и истражување на документи најдени во јавен простор. Да се поттикне стручна афирмација, ширење на интересот надвор од тесните стручни кругови на оваа специфична тема што ќе стимулира интерсекторска соработка и ќе отпочне дијалог за заедничко управување со материјалното и културно добро од овој вид што е од јавен интерес.

 

31 мај, Музеј на современата уметност Скопје

Работен јазик: Англиски

20:00 ч.

Обраќање на Јане Чаловски и Христина Иваноска, и претставување на програмата и гостите

20:15 ч. Прв панел

Презентации и разговор

Сабина Саболовиќ (Хрватска),

Чарлс Еше (Холандија),

Себастиан Цихочки (Полска),

модератор: Јане Чаловски

Сабина Саболовиќ – членка на кураторскиот колектив од Хрватска What, How & for Whom/WHW, која ќе зборува за кураторскиот пристап кон архивата како нешто што оди подалеку од ригорозната или научна дефиниција. Илустрираното предавање на Чарлс Еше – директор на Ван Абе музеот од Ајндховен ќе се фокусира на музејот и употребата на музејските збирки, документација, спомени и односи во создавање на специфични изложби и истражувачки проекти. Себастиан Цихочки – заменик директор на Музејот на модерна уметност во Варшава, во својата презентацијата ќе зборува за експериментот Бродно Биенале (Варшава, 2018).

22:00 ч. Диџеј сет на Соња Исмаил

 

1 јуни, Музеј на современата уметност, Скопје

12:00 ч.

Запознавање со уметниците Антонис Питас (Холандија) и Тјаша Калкан (Хрватска)

12:30 ч. Втор панел

Презентации и разговор

Наташа Бодрожиќ (Слободне Везе, Загреб)

Марјока де Греф и Анастасија Пандиловска (Санс анд Старс, Амстердам)

Јане Чаловски и Христина Иваноска (Проектен простор Прес ту егзит, Скопје)

13:30 ч.

Промоција на книгата „Потрошувачка култура на Социјалистичка Југославија“ на проектот Мотел Трогир

14:15 ч. Куса пауза

14:30 ч. Трет панел

Презентации и разговор

Јасминка Намичева – Музеј на град Скопје, Емилија Роп – Државн архив на Северна Македонија, Васе Аманито Петровски, Лидија Пајевиќ и Владо Данаилов.

Во рамките на настанот на 1 јуни ќе биде отворена и изложба на уметниците Антонис Питас од Холандија, Тјаша Калкан од Хрватска и Јане Чаловски, курирана од Јованка Попова, како и изложба на дел од материјалите, кои беа прибрани за да се заштитат од понатамошно уништување од опожарениот Заводот за урбанизам и архитектура во Скопје во 2017 година.

 

 

 

 

 

admin

No Comments

Post a Comment