
Резиденциски престој / Курирање заедништва во урбан контекст
Резиденциски престој | Јованка Попова и Мира Гаќина | Проект „Курирање заедништва во урбан контекст“ во Limidity Temporary Art Projects | Мароко, 8-23 октомври, 2018
Кое е влијанието на општествените судири во процесот на создавање на современи уметнички практики? Како ги толкуваме различните историски интерпретации и нивното влијание врз урбаниот развој и визуелната уметност? Осврнувајќи се на историскиот и урбаниот развој на Ел Јадида, со неговите богати мултикултурни различности, истражувањето се фокусира на практики кои генерираат процес на модификација на актуелната во нов вид на општествена реалност, на ниво на интеракција помеѓу помеѓу уметничкото и секојдневното искуство.
Истото има тенденција да ги испита алтернативите на мапирање и заживување на постојното културно наследство во место на обнова преку уметнички стратегии. Проектот ќе биде презентиран во форма на визуелен водич преку методологија која вклучува размена на искуства со локални уметници и куратори, со цел да се испита потенцијалот за создавање на одржливи средини и современа продукција, преку различни манифестации на урбаното во локалниот социјален и културен контекст.
Резиденцискиот престој е овозможен со подршка на Министерството за култура на РМ и Roberto Cimmeta Fund.
https://www.facebook.com/limidititemporaryartprojects/
No Comments