logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

Blog

presstoexit / news  / Добитници на стипендија за Летна школа како школа

Добитници на стипендија за Летна школа како школа

Кристина Божурска, Николче Славески и Амар Качар | добитници на стипендија за учество на летната школа Summer School as a School (SSAS) | Stacion – Центарот за современа уметност од Приштина |  2018

Добитници на стипендија за учество на летната школа Summer School as a School (SSAS) за 2018 година којшто Проектниот простор Прес ту егзит, како партнерска организација на организаторот Stacion – Центарот за современа уметност од Приштина, ги доделува на двајца македонски стипендисти, се уметниците Кристина Божурска и Николче Славески.

Двајцата македонски стипендисти ќе имаат можност да учествуваат во програмата за 2018 година која ќе се одржи во периодот јули-август, а се состои од единаесет курсеви кои на учесниците и публиката ќе и овозможат единствено искуство преку модел на алтернативна уметност и образование.

Stacion – Центарот за современа уметност во Приштина и партнерските институции, со иницирање на „Летна школа како школа“ се стремат кон формирање на прогресивен развоен модел на интернационална колаборативна образовна платформа со седиште во Приштина, како и развивање на интердисциплинарен курикулум и вклучување на практичари и теоретичари на уметноста и културата од регионот и пошироко, со цел споделување на знаење и експертиза со останати учесници и публиката. „Летна школа како школа“ е конципирана со намера да се обединат и споделат критички знаења, да се поттикнат соочувања со критичните предизвици на сегашноста, како и да се применат нови знаења и можности во уметничкото образование и соработката со уметниците.

Кристина Божурска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, a магистрирала на Институтот за културолошки студии во областа на социјално-уметничката пракса. Таа користи мноштво техники и материјали, вклучувајќи готови предмети, сликарство, цртање, текст или видео. Суштина на нејзината практика е социо-политичкиот контекст на денешнината, каде преку изборот на материјали и визуелни референци директно ги коментира проблемите од секојдневието и современото живеење.

Николче Славевски е ликовен уметник кој дипломирал на Факултетот за ликовна уметност. Досега има реализирано една самостојна изложба и учествуво на повеќе групни изложби во Македонија и странство. Волонтер е во Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола и предводел екипа на меѓународната детска ликовна колонија „On-site painting“ во Хонг Конг како ликовен педагог. Во своите дела тој се занимава со трудот, трудовите процеси и општествената положба и улога на уметникот како и улогата на уметноста. Во фокус на неговите истражувања прашањата за она што е револуционерна уметност, како да се создава таква и како истата е во релација со угнетените општествени слоеви, работничката класа и маргинализираните заедници.

Истовремено, Проектниот простор Прес ту егзит дополнително доделува уште една стипендија за „Летна школа како школа“ на Амар Качар кој е студент на Правниот факултет „Јустинијан Први“, отсек Односи со јавноста, и кој дополнително се образува на Академијата за визуелни уметности во соработка со ”Seavus” едукативниот центар. Амар се интересира за фотографискиот медиум преку кој истражува идентитетски политики. Има посетувано фотографски курсев организирани од Младинскиот образовен форум, а исто така бил дел од програмата „Со окото на маргините“ подржана од ЛГБТИ организација во Македонија.

Финаниска поддршка за учество на македонските стипендисти на „Летна школа како школа“ е овозможена со помош на Министерството за култура на Р. Македонија.

 

 

 

admin

No Comments

Post a Comment