Поранешен град / Летна школа како школа
Надворешни активности | презентација на Јане Чаловски „Поранешен град“ | во рамки на програмата на Летната школа како школа | организирана од Stacion Center for Contemporary Art Prishtina, 11 јули, 2017, 19.00 ч.
Јане Чаловски и Ангелика Степкен (Angelika Stepken) на Летната школа како школа 2017. Место: Боксерски клуб, ул. Марк Исаку, Приштина, Косово
Стацион – Центар за современа уметност, Приштина со задоволство ја најавува презентацијата на Јане Чаловски и Ангелика Степен како дел од Јавната програма на Летната школа како школа за 2017 година.
Презентацијата на Јане Чаловски “Поранешниот град: горење на модернистичкото минато”, почнува со следнава изјава:
Секогаш кога доживуваме загуба на нешто кое е поврзано со нашата колективна историја, било да е тоа документ, зграда или личност, чувствуваме како да сме ја изгубиле основата за сегашноста и иднината. Тоа е вознемирувачко, дезориентирачко и крајно, изнемоштено искуство. Кога изгубеното пак, е важна модернистичка архива на поранешна државна институција (приватизирана од средината на 90-тите години), не сме сигурни каде да го насочиме гневот, разочарувањето, но и нашето разбудено чувство на одговорност со намера нешто да сториме за повторно да го вратиме изгубеното и можноста за критичка дискусија. Презентацијата ќе се фокусира на процесот кој го иницираше „Поранешен град“ (2018), најновиот истражувачки проект / инсталација за исчезнатата архива на урбаниот план за Скопје, изготвен од Канзо Танге и неговите соработници во 1963/65 година, во соработка со голем број локални и Југословенски архитекти и урбанисти.
По „ Master Plan“ (2008) и „Obsessive Setting“ (2010), истражувањето „Поранешниот град“ произлегува од последиците од пожарот во април 2017 година, кој го уништи поранешниот Државен институт за урбанизам и архитектура во Скопје и граѓанската акција (иницирана од уметникот и поддржана од бројни поединци, државни и независни организации од областа на уметност, архитектурата и културата) за да ја селектира организира и етикетира документацијата зачувана од “бункерната просторија” на Институтот каде сите датотеки на проекти беа уредно пополнувани во текот на годините. Откако доби дозвола од актуелните сопственици на Институтот за урбанизам, се започна со акција на чистење, избор и архивирање на материјалите од “бункерната просторија” која е веќе во процес. По оваа реанимација на материјалот ќе следи формирање на “пост-пожарна колекција” достапна за јавноста преку институционалните механизми на Државниот архив на Република Македонија и Музејот на град Скопје.
„Поранешниот град“, исто така, ќе ги третира неотповикливи остатоци од руинирани и контаминирани печатени материјали, прецртани документи, фотографии и предмети, адресирајќи ја непристапноста на историјата и правејќи ги видливи, достапни и дискурзивни наративите за модерната реконструкција на градот и нејзините последици.
http://www.stacion.org/en/Public-Lectures-and-Presentations-2017
No Comments