logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

Blog

presstoexit / news  / Музeј на женски приказни

Музeј на женски приказни

Публикација | Христина Иваноска е ко-авторка на прокетот „Музеј на женски приказни“, како и авторка на корица и ко-авторка на ликовно и графичко обликување на истоимената публикација | Издавач: Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Скопје | 31 мај, 2017 | Превземање на публикацијата: http://lokomotiva.org.mk/museum-of-women-stories-publication/

Публикацијата насловена „Музеј на женски приказни“ го заокружува три-годишниот (2014/2016) уметничко-истражувачки проект на ко-авторките Искра Гешоска, Христина Иваноска, Виолета Качакова и Биљана Тануровска-Ќулавковски, кој се бави со историската и современа улога на жените во поширокиот социо-политички контекст во земјата.

Проектот“ произлезе од идејата да се истражи, согледа и (ре)афирмира улогата на жената во општествено-политичкиот, социјалниот и семејниот контекст преку исчитување на културните значења, симболи, асоцијации, задскриени зад историските факти, од првата половина на 20-тиот век во Битола, Прилеп и Крушево со околијата на Пелагонискиот регион.

Таа е збирка на текстови од различни автори, некои од нив соработници или поддржувачи на проектот од самиот почеток, некои од нив поканети како автори кои дадоа различен и значаен придонес кон оваа тема земајќи ги во предвид нивните професионални делувања и полиња на интерес. Автори на текстовите во публикација се: Рубинчо Белчески, Анастас Вангели, Искра Гешоска, Христина Иваноска, Илина Јакимовска, Горан Јанев, Александар Литовски и Елена Марчевска. Воведниот текст е напишан од Виолета Качакова и Биљана Тануровска-Ќулавковски.

Засега оваа е електронска публикација која може бесплатно да се превземе. Во план е да се издаде и во печатена верзија која ќе биде промовирана заедно со изложба во Скопје до крајот на 2017 година.

Публикацијата „Музеј на женски приказни“ ја издава Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во Скопје во рамките на Програмата за Децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија – Франција и Република Македонија.

http://lokomotiva.org.mk/museum-of-women-stories-publication/

admin

No Comments

Post a Comment