Симптоми на општеството
Надворешни активности | Христина Иваноска и Јане Чаловски | Изложба “Symptoms of Society”| Курирана од Аленка Грегорич а во организација на Градската галерија од Љубљана | Guangdong Museum of Art во Кина, 27-ми мај – 8-ми јуни 2017.
Христина Иваноска и Јане Чаловски со нивното заедничко дело „Музејот на модерна уметност на Оскар Хансен“ учествуваат на групната изложба “Symptoms of Society” курирана од Аленка Грегорич а во организација на Градската галерија од Љубљана, која се отвори на 26 мај во Guangdong Museum of Art во Кина. Изложбата ќе трае од 27 мај до 8 јули, 2017 година. Во фокусот на изложбата се дела од различни генерации, земји и медиумите. Во текот на подготовката на изложбата се развила поголема група на теми кои се однесуваат на бројни прашања на современото општество како: градот и урбаниот развој, националните ликовни истории, „заедничките“ уметнички системи и историја, територии итн.
Изборот на дела има за цел да претстави сеопфатна слика на Балканот на кинеската публика. Заедно со делата на меѓународно реномираните уметници, изложени се дела и на млади уметници од регионот.
На изложбата се претставени дела од Марина Абрамовиќ и Улај, Маја Бајевиќ, Лучезар Бојаџиев, Јасмина Цибич, Немања Цвијановиќ, Лана Чмајчанин, Брацо Димитријевиќ, Вадим Фишкин, Томислав Готовац, Ион Григореску, Флака Халити, Ибро Хасановиќ, ИРВИН, Христина Иваноска и Јане Чаловски, Правдољуб Иванов, Санела Јахиќ, Далибор Мартинис, Раденко Милак и Роман Урањек, Иван Мудов, Албан Муја, Владимир Николиќ, Адриан Пачи, Неша Периповиќ, Лиа Перјовшчи, Дан Перјовшчи, Анри Сала, Сашо Станојковиќ, Младен Стилиновиќ, Миха Штрукељ, Раша Тодосијевиќ, Милица Томиќ, Сислеј Џафа и Катерина Здјелар.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Република Словенија и Словенечката амбасада во Бејџинг.
No Comments