logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

Blog

presstoexit / news  / Просторни тенденции во (ко)оперативни практики – за начините на де-регулација, индивидуалните капацитети и нивната иднина

Просторни тенденции во (ко)оперативни практики – за начините на де-регулација, индивидуалните капацитети и нивната иднина

Предавање на Лудвиг Китингер, Ана де Алмеида и Фелим Меконигли „Просторни тенденции во (ко)оперативни практики – за начините на де-регулација, индивидуалните капацитети и нивната иднина“|  6ти Интернационален симпозиум КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ | Простори, функции, фикции и други заеднички именители организиран од Проектен простор Прес ту егзит | 13 мај, 2017Социјален центар „Дуња“, Скопје, 20.00 ч.

Ве известуваме дека во сабота, 13.05.2017, во Социјалниот центар „Дуња“ во Скопје со почеток во 20:00 ч. ќе се одржи отворено предавање и дискусија со Лудвиг Китингер, Ана де Алмеида и Фелим Меконигли од уметничкиот колектив <dienstag abend> од Виена, Австрија насловено “Просторни тенденции во (ко)оперативни практики – за начините на де-регулација, индивидуалните капацитети и нивната иднина”.

Предавањето ќе започне со кратко претставување на колективот <dienstag abend>, а потоа ќе се осврне на работата реализирана во Европскиот град на културата Вроцлав 2016, фокусирајќи се на социјалните влијанија на донесување на политички одлуки за делата во јавен простор, а со тоа и на улогата на афективното информање. Исто така, ќе се претстави и партнерската иницијатива со Фондацијата Атанас Петров и тековниот проект во Медицинскиот музејот во Плевен, Бугарија, фокусирајќи се на начините за постоењето на тој простор. 

Лудвиг Китингер (Ludwig Kittinger) е уметник кој живее и работи во Виена, Австрија. Tој е ко-основач на <dienstag abend> уметнички колектив со седиште во Виена. Тој е член на управниот одбор на уметничката асоцијација Kunstraum Ve.Sch, и асистент на Одделот за скулптура и простор на Универзитетот за применети уметности во Виена.

Ана де Алмеида (Ana de Almeida) е уметница која живее и работи во Виена. Таа е докторант на Академијата за ликовни уметности во Виена, каде работи на тезата за производство на слики и нивните идеолошки импликации во периодот од 1974-1989. Со <dienstag abend> колективот започнува да работи до 2012 , за да му се приклучи на истиот во 2015 година.

Фелим Меконигли (Phelim McConigly) живее и работи во Виена од 2006 година. Тој е докторант на Академијата за ликовна уметност во Виена. Основач е на Фондацијата Атанас Петров, и уметник и куратор на просторно специфични практики, вклучувајќи ги Appendix (2015) и Parallax (2016), кои вклучуваат и учесници и вработени во Медицинскиот музеј во рамки на Универзитетската болница „Георги Странски“ во Плевен, Бугарија – проекти кои ги истражуваат уметничките разлики и истражувачки методи кои вклучуваат создавање на институција како пара-простор, место за закрепнување, во однос на општествената улога на уметноста и новите институции. Тој е член на <dienstag abend> од 2015 година.
<dienstag abend> е уметнички колектив и истоимена платформа со седиште во Виена, основана во 2009 година во рамки на Kunstraum Ve.Sch. од Ludwig Kittinger и Fernando Mesquita, како отворен колектив на кој подоцна се приклучуваат Ana de Almeida, Sophie Thun, Dorota Walentynowicz и Feidhlim McConigly. <dienstag abend> се занимава со прашања кои ги поврзуваат кураторските практики и новите форми на ликовно претставување, публикување и презентација. Нивните номадски проекти произлегуваат од спецификите на различни средини и простори и ги прикажуваат динамиките својствени за работа во рамки на она што е јавно, приватно, здружено, комерцијално, не-комерцијално, институционално, активно, заборавено, структурирано, диво. <dienstag abend> ситуира настани кои се водени од идејата за хетерархија, секогаш колаборативна, интердисциплинарна и просторно специфична.

6. Интернационален симпозиум „Кураторски размени“ е годишен симпозиум кој ја третира локалната и регионална потреба од квалитативна размена на знаење и искуства кои се однесуваат на теоретски и уметнички истражувања, кураторски практики и едукација.

Симпозиумот е куриран, организиран и реализиран од страна на историчарката на уметност и кураторка Јованка Попова, и уметниците и коосновачите на Проектниот простор Прес ту егзит, Јане Чаловски и Христина Иваноска. 

Овогодинешниот симпозиум е организиран во соработка со: Музејот на современа уметност, Социјалниот центар „Дуња“ и Клуб ГЕМ, а поддржан од: Министерство за култура на Република Македонија, Австриска амбасада, Амбасада на Кралството Шпанија и Aмбасада на Република Полска.

admin

No Comments

Post a Comment