logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

Blog

presstoexit / news  / 6ти Интернационален симпозиум КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ

6ти Интернационален симпозиум КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ

6ти Интернационален симпозиум КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ | Простори, функции, фикции и други заеднички именители организиран од Проектен простор Прес ту егзит | 10 – 21 мај, 2017, Музеј на современата уметност- Скопје, Клуб ГЕМ и Социјален центар Дуња, Скопје

Прв дел од симпозиумот: Функција и дизајн на социјалните простори

Кураторски размени е годишен симпозиум кој ја третира локалната и регионална потреба од квалитативна размена на знаење и искуства кои се однесуваат на теоретски и уметнички истражувања, кураторски практики и едукација. „Кураторски размени 6“ ќе се обиде да соедини различни истражувања, гледишта и позиции на повеќе автори (архитекти, културни теоретичари, уметници и куратори) во чиј фокус на интерес се различни начини на критичко промислување за релацијата меѓу современата уметност и општеството.

Програмата на шестото по ред издание на симпозиумот насловен „Простори, функции, фикции и други заеднички именители“ ги претставува Лудвиг Китингер (Ludwig Kittinger), Ана де Алмеида (Ana de Almeida) и Фелим Меконигли (Phelim McConigly) уметници и основачи на уметничкиот колектив <dienstag abend> од Виена, Aвстрија; Мауро Гил-Фурние (Mauro GilFournier), архитект и ко-основач на архитектонското студио SIC | VIC, од Мадрид, Шпанија; Себастијан Цихочки (Sebastian Cichocki) водечки куратор на Музејот на модерна уметност во Варшава, Полска; како и младите уметници Клелија Живковиќ, социјален дизајнер од Скопје, Македонија и Доротеј Нешовски, мултидисциплинарен уметник од Скопје. 

Поканетите гости ќе приложат различни дискурзивни презентации и проекти кои ги преиспитуваат различните идеи за поврзаноста помеѓу уметноста, архитектурата и теоријата; улогата и позицијата на авторот како критички поттикнувач и едукатор во процесите на создавање на одредена содржина; различните перцепции за социо-политичката функција на јавниот простор и идејата за заедништво; прашања за кураторски стратегии и тактики кои развиваат форми на непредвидливa креативност во однос на просторот во кој постои потенцијал за манипулирање со односите на моќ, политиката и популарната култура во градот. 

Интердисциплинарниот пристап на проектот упатува кон теоријата на
Michel de Certeau, за разликата меѓу стратегиите поврзани со институциите и структурите на моќ како елементи од реалноста и официјални правилници во општеството: законите и прописите, конститутивните правила за примена на објектите и просторите во градот, одредени преку процеси на кодирање, мапирање на места со прецизни легенди и воспоставување граници и ограничувања. Од друга страна тука се тактиките во релација со перформативните и неочекуваните пристапи со кои кураторските практики се користат во однос на стратегиите, наведувајќи ги и приспособувајќи ги кон сопствените желби, потреби и имагинација, на тактички начини кои никогаш не се целосно утврдени со плановите за организирачките тела.

Тие зборуваат и за потребата на архитектура да се гледа како на критична, социјална и политичка вредност, и ја наведуваат потребата од архитектонски дискурс коj генерира соодветни приказни. Оттука, се поставуваат прашањата: Како го доживуваме просторот како поим и концепт кој постојано еволуира и се менува? Кои научни, истражувачки, концептуални, кураторски и архивистички мерки ги превземаме во формирањето на идентитетот на современиот град и современиот граѓанин?

Симпозиумот е куриран, организиран и реализиран од страна на тимот на Проектниот простор Прес ту егзит (историчарката на уметност и кураторка Јованка Попова, и уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски)

ПРОГРАМА:

10
ти мај (среда)

20:00 – 22:00 /
Социјален центарДуња
Средба со Лудвиг Китингер, Ана де Алмеида и Фелим Меконигли (уметнички колектив <dienstag abend>) и презентации на Клелија ЖивковиќМали победии Доротеј НешовскиФикции и простории во кои живеам

———————————————————————————–

11ти мај (четврток)

12:00 – 16:00
Социјален центарДуња
Прва работна сесија со Лудвиг Китингер, Ана де Алмеида и Фелим Меконигли: dienstag abend бр. 86

————————————————————————————-

12ти мај (петок)

12:00 – 16:00
Социјален центарДуња
Втора работна сесија со Лудвиг Китингер, Ана де Алмеида и Фелим Меконигли: dienstag abend бр. 86

19:00 – 21:00 ГЕМ Клуб, Скопје
Јавно предавање на Мауро ГилФурние: „Меурчиња, пена и мориња

——————————————————————————–

13ти мај (сабота)

12:00 – 16:00
Социјален центарДуња
Трета работна сесија со Лудвиг Китингер, Ана де Алмеида и Фелим Меконигли: dienstag abend бр. 86

20:00 – 22:00 Социјален центарДуња
Јавно предавање на Лудвиг Китингер, Ана де Алмеида и Фелим Меконигли (уметнички колектив <dienstag abend>): “Просторни тенденции во (ко)оперативни практикиза начините на дерегулација, индивидуалните капацитети и нивната иднина

———————————————————————–

20ти мај (сабота)

19:00 – 22:00
Музеј на современа уметност
Јавно предавање на Себастијан Цихочки: “Ова е уметност и уметноста е многу нешта

———————————————————————

ПРОГРАМСКА СОДРЖИНА

Средба со Лудвиг Китингер, Ана де Алмеида и Фелим Меконигли (уметнички колектив dienstag abend collective)
и презентација на Клелија Живковиќ: “Мали победии Доротеј НешовскиФикции и простории во кои живеам“. 

Дата: 10.05.2017 (среда)
Место: Социјален центар „Дуња“, Скопје
Време: 20 : 00 –22 :00 ч.

Лудвиг Китингер, Ана де Алмеида и Фелим Меконигли на оваа средба ќе нè запознаат со идеjата за нивната просторно-специфична работилница насловена ”dienstag abend No. 86” и за начинот на кој заинтересираните учесници ќе бидат инволвирани во неа. 

„Мали победи“ на Клелија Живковиќ е проект за архивирање на промените во градот Скопје, преку користење на лично искуство како артефакт. Проектот има за цел да го истражува односот на граѓаните кон нивниот град и да ја искористи нивната перспектива како единствен документ кој раскажува приказна за историја која е изменета и одново фабрикувана.

Презентацијата „Фикции и простории во кои живеаам“ на Доротеј Нешовски дава увид во истражувачките интереси на уметникот за релацијата „индивидуа-галерија-институција“ и низата потенцијали на исчитување на ефемерното наспроти постојаното, јавното наспроти институционалното, виртуелниот наспроти физичкиот галериски простор при создавање на т.н „невидливи дела“.

———————————————————————————–

Три работни сесии со Лудвиг Китингер, Ана де Алмеида и Фелим Меконигли: dienstag abend бр. 86

Датуми: 11.05 (четврток), 12.05 (петок) и 13.05 (сабота)
Место: Социјален центар „Дуња“, Скопје
Време: 12:00 – 16:00 ч.

dienstag abend No. 86“ е работилница која се однесува на ситуации, интервенции и инволвираност. Целта на работилницата е споделување на бројни процеси кои колективот <dienstag abend> го дефинираат низ различни настани, изложби и изданија. За време на работилницата учесниците се поканети да пронајдат ситуација врз која ќе интервенираат, со намера да предизвикаат нови интервенции и инволвираност а кои се однесуваат на нивната работа.
Во нивната колективна пракса ситуацијата може да биде начин на создавање на опкружување, по пат на индивидуално читање на моментот. Преку прифаќање на недоразбирањата и грешките, овие читања полни со онтологија од повратни информации постојано се повторуваат и случајните резултати од истите овозможуваат просторно разбирање на местото, наместо ексклузивна репрезентативност на истото.
За време на просторно-специфичната работилница спроведена во Скопје, во фокус на интерес ќе бидат различните простори: јавни, комерцијални, емоционални, институционални итн. Делата и уметнички интервенции кои ќе произлезат од работилницата се нематеријални, исто како и идните непредвидливи интервенции што ќе се случат врз нив. Документирањето и размената, вкоренети во неверојатните процеси на оралната традиција, ќе го формираат материјалниот супстрат како резултат од работилницата.

————————————————————————————-

Јавно предавање на Мауро Гил-Фурние: „Меурчиња, пена и мориња“ 

Дата: 12.05.2017 (петок)
Место: ГЕМ Клуб, Скопје
Време: 19:00 – 21:00 ч.

Презентацијата се однесува на работата на архитектонското студио SIC | VIC кое се стреми да постави нелинеарна историја на динамики кои во моментов се случуваат во многу од нашите градови под 3 различни постави. Граѓанинот создава меури, како што се појаватаат и исчезнуваат граѓанските организации и создаваат мрежи помеѓу нив. Сложени форми и состојби се јавуваат кога екосистемот меур е создаден. Морињата се како транзиција-артикулација помеѓу воспоставените модели. Ваквите динамики не се прогресивни или еволутивни на линеарен начин; Се случуваат истовремено во градот. Тие формираат систем со силна интеракција и повратни информации помеѓу компонентите на системот. Нелинеарната историја која сакаме да ја имаме тука, со нејзините привлечности и поделби, создава динамики што во конкретниот случај има клучен фактор: нивниот ситуиран карактер. Оттука, преку нашата работа и развој на град ќе се обидеме да објасниме што го прави Мадрид денес прототип на граѓанска иновација и урбана трансформација.

——————————————————————————–

Јавно предавање на Лудвиг Китингер, Ана де Алмеида и Фелим Меконигли (уметнички колектив <dienstag abend>): “Просторни тенденции во (ко)оперативни практики – за начините на де-регулација, индивидуалните капацитети и нивната иднина”
Модерирано од Јане Чаловски

Дата: 13.05.2017 (сабота)
Место: Социјален центар „Дуња“, Скопје
Време: 19:00 – 22:00 ч.

Предавањето ќе започне со кратко претставување на колективот <dienstag abend>, а потоа ќе се осврне на работата реализирана во Европскиот град на културата Вроцлав 2016, фокусирајќи се на социјалните влијанија на донесување на политички одлуки за делата во јавен простор, а со тоа и на улогата на афективното информање. Исто така, ќе се претстави и партнерската иницијатива со Фондацијата Атанас Петров и тековниот проект во Медицинскиот музејот во Плевен, Бугарија, фокусирајќи се на начините за постоењето на тој простор. Предавањето ќе биде заокружено со разгледување форми на ситуационото и нивното поврзување со sitespecific. 

———————————————————————–

Јавно предавање на Себастијан Цихочки: “Ова е уметност и уметноста е многу нешта”*

Дата: 20.05.2017 (сабота)
Место: Музеј на современа уметност, Скопје
Време: 19:00 – 22:00 ч

Во 1970-тите години Јиржи Лудвински (Jirzi Ludwiński), полски уметник, теоретичар и критичар, го најави доаѓањето на пост-уметничкото време. Тој забележа дека трансформацијата на уметноста е резултат на нејзино преземање на сосема нова форма; онаа која критичниот јазик на неговото време не беше во можност да ја критикува. Лудвински тврди дека пост-уметноста има неспорно поголем потенцијал отколку активностите кои се традиционално признаени како уметнички. Тој напишал: “Сите претходни концепции кои се однесуваат на уметноста се откажани, дури и она на авторството. Она што е важно се тензиите креирани преку колективен труд на многу индивидуи што придонесуваат за донесување на систем кој пулсира со живот, како некое гигантско дело на природата. Уметност = реалност”.
Таквите пост-уметнички времиња најавуваат ера во која високиот “коефициент на уметноста” (како феномен кој теоретичарот Стивен Рајт го опишал, повикувајќи се на предавањето на Марсел Дишан “Креативен чин”, 1957) е присутен во многу области од животот; кога работата на уметникот не секогаш се материјализира во форма на уметничко дело; кога и самата уметност се создава во размер 1:1, наместо да производува модели за ситуации и нешта.
Како може да се измери коефициентот на уметноста во еден уред кој собира магла и кој ги снабдува со вода жителите на пустината во Чиле? Колку уметноста е присутна во процесот на соработка меѓу турски пчелар и кошница на пчели во текот на производството на психоактивен мед? Прашањето што навистина вреди да се постави е: Постои ли повеќе уметност во или вон ѕидовите на музејот?

* Насловот на предавањето го парафразира насловот на изложбата: „Ова е изложба, и изложбата е многу нешта“ во S.M.A.K. во Гент (1994), опишана како „забавна палата, урнебесна соба, дисконт магацин, музеј без ѕидови, пустелија и кабинет за куриозитети на прекрасното и безначајното“.

————————————————————————————

БИОГРАФИИ

Мауро Гил-Фурние (Mauro GilFournier) е архитект и ко-основач на SIC | VIC студиото. Неговата работа се фокусира на прогресот на архитектура, градот и територијата во урбаните и граѓански иновации. И двете структури функционираат преку радикално вклучување на мултилатерални и колаборативни процеси во областа на архитектурата и урбанизмот. Студиото SIC е основач на VICVivero де Inciativas Ciudadanas, платформа за урбани студии што ги истражува начините на кои релационото, материјалното и технолошкото се поврзани во граѓански иновации и практики. Неговата работа е изложена на многу национални и меѓународни форуми, како неодамнешното Oslo Architecture Triennale (2016), Householding Fair BauhausDessau (2015), Lisbon Architecture Triennale (2013), или Rome Public Space Biennial (2013). Исто така, доделени му се повеќе награди, како Mies van der Rohe European Award (2007), Detail Prize 2009, Bauwelt (2009), AR Awards and FAD (2008) и други. Неговата работа периодично е објавувана, а гостува и на конференции на главните форуми, состаноци и публикации за архитектурата и урбаните студии. SIC | VIC денес развива ибероамериканско мапирање на граѓански иновации civics.es и одржлива урбана програма наречена maresmadrid.es.

Лудвиг Китингер (Ludwig Kittinger) е уметник кој живее и работи во Виена, Австрија. Tој е ко-основач на <dienstag abend> уметнички колектив со седиште во Виена. Тој е член на управниот одбор на уметничката асоцијација Kunstraum Ve.Sch, и асистент на Одделот за скулптура и простор на Универзитетот за применети уметности во Виена.

Ана де Алмеида (Ana de Almeida) е уметник од Лисабон, која живее и работи во Виена. Таа е докторант на Академијата за ликовни уметности во Виена, каде работи на тезата за производство на слики и нивните идеолошки импликации во периодот од 1974-1989. Со <dienstag abend> колективот започнува да работи до 2012 , за да му се приклучи на истиот во 2015 година.

Фелим Меконигли (Phelim McConigly) е роден во Ирска, а живее и работи во Виена од 2006 година. Тој е докторант на Академијата за ликовна уметност во Виена. Основач е на Фондацијата Атанас Петров, и уметник и куратор на просторно специфични практики, вклучувајќи ги Appendix (2015) и Parallax (2016), кои вклучуваат и учесници и вработени во Медицинскиот музеј во рамки на Универзитетската болница Георги Странски, Плевен, Бугарија – проекти кои ги истражуваат уметничките разлики и истражувачки методи кои вклучуваат создавање на институција како пара-простор, место за закрепнување, во однос на општествената улога на уметноста и новите институции. Тој е член на <dienstag abend> од 2015 година. Фелим е докторант со фокус на истражување на проширениот графички простор. По многу години искуство во развој на софтвер алатки, преку методи како теоријата на играта, еволутивни алгоритми и нивната употреба во уметничките практики, Фелим ова знаење го користи за да направи проширување на материјалната основа од платното во јавна скулптура со дигитални можности.

<dienstag abend> е уметнички колектив и истоимена платформа со седиште во Виена, основана во 2009 година во рамки на Kunstraum Ve.Sch. од Ludwig Kittinger и Fernando Mesquita, како отворен колектив на кој подоцна се приклучуваат Ana de Almeida, Sophie Thun, Dorota Walentynowicz и Feidhlim McConigly. <dienstag abend> го сметаат за ситуација составена од неговите членови, локалната средина и/или колективните механизми кои се активираат во секој од нивните проекти. <dienstag abend> се занимава со прашања кои ги поврзуваат кураторските практики и новите форми на ликовно претставување, публикување и презентација. Нивните заеднички проекти се рефлексии на самиот процес на интервенција во просторот. Нивните номадски проекти произлегуваат од спецификите на различни средини и простори и ги прикажуваат динамиките својствени за работа во рамки на она што е јавно, приватно, здружено, комерцијално, не-комерцијално, институционално, активно, заборавено, структурирано, див. <dienstag abend> ситуира настани кои се водени од идејата за хетерархија, секогаш колаборативна, интердисциплинарна и просторно специфична.
Клелија Живковиќ е социјален дизајнер од Скопје, Македонија. Магистрирала на тема Социјален дизајн на Универзитетот за применети уметности во Виена. Нејзината работа е фокусирана главно на градот Скопје и истражувањето на различните аспекти на живеење и користење на градот.
 
Доротеј Нешовски е мултидисциплинарен уметник чии интереси вклучуваат парципативни активности, методологии на мапирањ
e и резонантност, вониституционално делување, истражувачка практики и детска едукација. Од 2012 година тој е еден од основачите и член на уметничката група „ЅЕЕ“ со која има реализирано повеќе проекти. Нешовски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсекот за вајарство (2012 г.). Неговата книга „Уметноста не е тоа што сакате“, издание на Priaveteprint од Скопје, ќе излезе од печат во 2017. Живее и работи во Скопје. 

Себастијан Цихочки (Sebastian Cichocki) е куратор, писател и уметнички критичар. Тој е водечки куратор во Музејот на модерна уметност во Варшава и куратор на Sculpture Park во Bródno дистриктот во Варшава. Во периодот од 2005-2008 година бил директор на Центарот за современа уметност Kronika во Битом (Полска). Гравниот фокус на истражување на Цихоцки е пост-уметничкото и 1:1 размерните практики, концептуалните рефлекси во уметноста, ленд артот, теоријата на нештата и книгата како форма на изложба. Тој е куратор на голем број самостојни и групни изложби, вклучувајќи го претставувањето на Monika Sosnowska на полскиот павилјон на 52-то, и Yael Bartana на 54-то Биенале во Венеција. Има реализирано голем број на експериментални изложби во форма на книги, либрета, како и резиденциски програми и предавања. Цихоцки живее и работи во Варшава.

Организирано од:
Проектен простор Прес ту егзит, Скопје

Проектен простор Прес ту егзит е основано во средината на 2004 година од страна на уметниците Јане Чаловски и Христина Иваноска како посебна програмски базирана уметничка иницијатива за истражување и продукција во полето на визуелните уметности и кураторските практики. Неговиот фокусот е насочен кон изнаоѓање нови начини за генерирање и продукција на проекти како и воспоставување на соработки со уметници и куратори од Македонија и странство преку четири програми: Иницијатива за кураторски гостувања; Нови проектни продукции; Предавања, презентации и изложби, и Издавачка програма. 

Во соработка со:
Социјален центар Дуња, Скопје
GEM Клуб, Скопје 
Музеј на современата уметност – Скопје

Подржано од:
Министерство за култура на Република Македонија 
Австриска амбасада, Скопје
Амбасада на Кралството Шпанија, Скопје
Aмбасада на Република Полска Скопје

admin

No Comments

Post a Comment