logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

Blog

presstoexit / news  / Раскажувајќи го Скопје. Скопје 2014: Хегемониски и спекулативни наративи

Раскажувајќи го Скопје. Скопје 2014: Хегемониски и спекулативни наративи

Аудио тура: „Раскажувајќи го Скопје. Скопје 2014: Хегемониски и спекулативни наративи“, уметнички дел од докторска дисертација на Ивана Сиџимовска | 5ти Интернационален симпозиум КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ | Институционалното како јавно организиран од Проектен простор Прес ту егзит | 30 септември, 2016плато пред Музеј на град Скопје

Уметничкиот дел од докторското истражување на Сиџимовска е поврзан со неолиберални симболични урбани реконструкции, со фокус на преобразбата на градот Скопје односно ефектите на урбаното обновување врз јавниот простор. Создадена на основ на граѓаните и нивните субјективни приказни, замислени ситуации и искуства на урбаното, кои ги споделиле при прошетка со авторката, се создава шпекулативен наратив на градот, во кој се проектираат идеи за повторна проценка, преформулирање и поинакво толкување на реконструкцијата. Во комбинација со повеќе сонични опсервации, снимани на бинаурален начин, оригиналните интервјуа со граѓаните се процесираат, преведуваат и развиваат во форма на интерактивна сонична прошетка. 

Бројот на присутни на турата е ограничен, а заинтересираните за настанот своето присуство во еден од посочените термини ќе можат да го потврдат на: presstoexit@gmail.com

Ивана Сиџимовска е визуелна уметница и истражувачка на урбаниот простор. Има завршено додипломски студии на Факулетот за ликовна уметност на Педдагошки оддел во Скопје и магистерски студии на Факулетот за ликовна уметност Берлин – Вајзенсее, оддел Просторни стратегии. Нејзината уметничка пракса и истражување вклучува трансдициплинарна работа помеѓу уметност, архитектура и урбана социологија и најчесто е поврзана со работа во јавниот простор, притоа употребувајќи различни методи, медиуми и техники. Oд 2012 таа е докторски кандидат на Баухаус Универзитетот Вајмар, Факултет за дизајн и медии.

Настанот е дел од програмата на петтото по ред издание на Интернационалниот симпозиумот „Кураторски размени“ насловен „Институционалното како јавно“.

„Кураторски размени“ е годишен симпозиум кој ја третира локалната и регионална потреба од квалитативна размена на знаење и искуства кои се однесуваат на уметнички истражувања, кураторски практики и едукација.

Организирано од:
Проектен простор Прес ту егзит (Скопје)

Во соработка со:
Клуб ГЕМ (Скопје)
MAD Kitchen (Скопје) 
Modesty (Токио) 

Подржано од:
Министерство за култура на Република Македонија
Совет на Град Скопје
Австриска амбасада, Скопје

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

admin

No Comments

Post a Comment