Urban Art: Creating the Urban with Art
Надворешни активности | презентација на Јованка Попова на конференцијата “Urban Art: Creating the Urban with Art” | Humboldt University, Берлин | 15-16 јули, 2016
Целта на конференцијата е да даде увид во новите форми на уметност и активизам во урбаниот простор. Предизвикот да се согледаат темите поврзани со урбаната уметност од научен аспект е поврзан со нејзината хетерогеност. Слично како и со тековните урбанистички интервенции, урбаната уметност е самата по себе ефемерна, мобилна, виртуелна, а во исто време често и политичка. Оттука транзиционите состојби од полето на уметноста во она на архитектурата, урбанизмот, урбаниот дизајн и политиката се во постојано менување. Конференцијата има за цел да поттикне дискусија и истражување на овие меѓусебно поврзани теми и нивните противречности.
http://www.kunstgeschichte.hu-berlin.de/veranstaltungen/tagung-urban-art/
http://www.kunstgeschichte.hu-berlin.de/wp-content/uploads/2015/11/UA-Leporello-kl1.pdf
No Comments