logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

Blog

presstoexit / news  / Велимир Жерновски на резиденциски престој во Австрија

Велимир Жерновски на резиденциски престој во Австрија

Резиденциски престој | во организација на  < rotor > center for contemporary art Graz и Проектен простор Прес ту егзит | уметник: Велимир Жерновски | април, 2016

Проектниот простор Прес ту егзит со задоволство објавува дека уметникот Велимир Жерновски, во текот на месец април 2016 година, остварува резиденциски престој во Грац, Австрија, како дел од програмата на проектот WEST BALKAN CALLING. Резиденцискиот престој на Жерновски е во организација на < rotor >, асоцијација за современа уметност од Грац, во соработка со Проектниот простор Прес ту Егзит. 

Проектниот простор Прес ту егзит за овој резиденциски престој предложи десет македонски уметници од помладата генерација, од кои, по одлука на меѓународно жири, беше поканет Велимир Жерновски. Возвратно, кон крајот на месец август Проектниот простор Прес ту егзит ќе го очекува пристигнувањето на австрискиот уметник Wolfgang Obermair на едномесечен резиденциски престој во Скопје.

Велимир Жерновски се изразува преку изработка на објекти цртежи, видеа и фотографии, преку кои ги истражува промените во урбаната култура и прашањата поврзани со сексуалноста и родовиот идентитет, како и прашањата поврзани со постојаната транзиција, како на личниот, така и на идентитетот на сопствената генерација. Има остварено неколку самостојни изложби во Македонија и Европа и учествувал во повеќе меѓународни проекти и културни соработки. Од 2008 година е ко-основач и претседател на Ф.Р.И.К (Формација за развој на иницијативи во културата), програма што работи на мотивирање на социјално-ангажирана културна продукција ослободена од секаков вид стереотипи и предрасуди.

 WEST BALKAN CALLING е програма за уметничка размена и резиденциски престои меѓу 6 уметнички институции од Југоисточна Европа и 5 уметнички институции од Австрија, која ќе се реализира во текот на 2016 година. Програмата е во организација на   < rotor > center for contemporary art (Грац, Австрија), во соработка со Проектниот простор Прес ту егзит (Скопје, Македонија),  T.I.C.A. – Tirana Institute of Contemporary Art (Тирана, Албанија), Public ROOM, (Сараево, Босна и Херцеговина), Stacion – Center for Contemporary Art (Приштина, Косово), Art Research Center 42° (Цетиње, Црна Гора), Kontekst Collective / Zadruga Oktobar (Белград, Србија) и lend|hauer (Клагенфурт, Австрија), AIR–ARTIST IN RESIDENCE (Кремс, Австрија), Atelierhaus Salzamt (Линц, Австрија), Kunsthalle Exnergasse (Виена, Австрија).

http://wbcalling.mur.at/

admin

No Comments

Post a Comment