Сираци на културата, легенди и херои – втор дел
Надворешни активности | Христина Иваноска и Јане Чаловски | изложба „Сираци на културата, легенди и херои – втор дел“ | ЖАК|БРАНИЦКА галерија, Берлин | 16 јануари – 23 април, 2016
На 15-ти јануари се отвори втората по ред изложба во галеријата ЖАК|БРАНИЦКА во Берлин на уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски која е насловена „Сираци на културата, легенди и херои – втор дел“. Изложбата е продолжување на нивните континуирани интереси за начините на кои модерната ги обликува нашите културни и политички читање на сегашноста (кои уметниците ги истражуваа и во изложбата „Сираци на културата, легенди и херои“ поставена во 2007 година во галеријата „Кроника“, чиј куратор беше Себастијан Цихочки). Неразделната врска на вербата и метафизиката, присутна во нивните претходни заеднички дела „Ние сите сме сами во ова“ (56. Биенале на Венеција, 2015) и „Неизговорено“ (Малме музеј за уметност, 2015), е карактеристична и за нивната најнова соработка насловена „Целост“ (2015). Ова дело составена од 11 панели од цртежи на рачно изработена ленена ткаенина, се базира на концептуалното текстуално дело на Ед Рајнхард и графичкиот дизајн на Бриџит Рајли објавени во 1966 година во 18-тиот број на списанието Poor.Old.Tired.Horse, списание за конкретна поезија, чиј уредник е Јан Хамилтон Финли.
Пронајдовме едноставност во текстот, и метафизика во дизајнот, и истото посакавме да го истражуваме понатаму. Овој конкретен текст на Eд Рајнхард кој може да биде читан како конкретна поема, содржи специфичен тон на итност и по многу прашања кореспондира со проблематиката која ја истражуваме во нашата уметничка практика (институционалната критика на пример, контекстуализацијата на уметничката продукција, личнитете политики). Тој вели: „Постои една ликовна уметност, еден музеј на уметноста, еден уметнички систем“, итн. и оваа еднина, налик на „мантра“, афирмативна, интелигентно критичка и апсурдна изјава, чудно се рефлектира во светот кој го наследува и може да се активира (заедно со Рајлиевите цртежи на нули) во континуитет – како прогресија и на концептуални и на естетски вредности. Се заинтересиравме за употребата и за историјата на ленот како материјал; овој лен конкретно, потекнува од крајот на 19 век од Источна Европа, и се употребувал во погребни обичаи кај богатите. Како материјал кој поврзува наративни форми од минатото кон сегашноста, панелите функционираат како традиционални површини каде се ре-обмислуваат општествените практики на ритуалите. Со намера подобро да го разбереме материјалот, во одреден период на изработката соработувавме со манастирот на Пресвета Богородица (село Матка, Македонија). Техниката на изработка на рачно ткаено платно и некои од техниките на везење се вршат главно во изолација и осаменост. Оттука, една од намерите ни беше да дадеме нагласок на спротиставеностите меѓу приватното и јавното, изговореното и неизговореното, пишаното и вокалното кои генерираат различни форми на отпор во различни култури. (Христина Иваноска и Јане Чаловски)
Процесот на пишување, формата на изразување на идеи преку зборови и букви и конечно презентирањето на текстот како визуелно дело стана многу важно во мојата најнова уметничка пракса. Овој текст се фокусира на перформативноста на писмената форма, на нејзината историја и на потребата од изразување на идеи единствено преку пишување. (Христина Иваноска)
Заинтересиран сум за инволвирање со архивите, за создавањето нови документи и користењето на различни техники на цртање и пишување, со цел да се постигне одреден резултат. Ја анализирам мојата поврзаност со историската темпоралност, сплотувајќи го сопственото пишување со пронајдени извори, уредувајќи и обработувајќи информации кои се чинат достапни, а сеуште се во голем дел приватни. Пишувам, цртам и моделирам од сопствените откритија со надеж дека истите ќе ја вклучат имагинацијата на публиката на начини кои не се премногу испишани. (Јане Чаловски)
No Comments