
Резиденциски престој на уметникот Jacob Severn во организација на Проектен простор Прес ту егзит
Резиденциски престој на уметникот Jacob Severn во Македонија | во организација на Проектен простор Прес ту егзит во соработка со apexart од Њујорк | 17 октомври – 15 ноември 2015
Проектен простор Прес ту егзит, во соработка со apexart од Њујорк, во периодот од 17 октомври до 15 ноември, организира уметничка резиденција во рамки на која резиденциски престој ќе оствари уметникот Јаков Северн (Jacob Severn) кој живее и работи во Њујорк. Јаков Северн е поет и визуелен уметник. Неговото пишување и уметнички дела се однесуваат на репрезентацијата, медијаторското искуство, траењето и ефемерноста. Во Сиетл, тој го основал уметничкиот простор Healthy Times Fun Club. Тој е ко-основач на Kimberly-Klark, проектен простор во Ridgewood, Квинс. Уредник е на micropress Snacks, Inc и ефемерниот литературен дигитален сајт HARIBO. Магистрант е по креативно пишување на The New School во Њујорк.
http://apexart.org/fellowship/severn.php
apexart Fellowship Program е алтернатива образовна програма во рамки на која поединци се поканети да го напуштат своето познато опкружување и да остварат едномесечен престој во странска земја. Програмата ја признава потребата од време за контемплација при креативниот процес, и оттука од стипендистите се бара едномесечниот престој да го сметаат како одмор од нивниот професионален живот. Наместо фокусирање на процесот на креација и промоција на нивната кариера, програмата на apexart овозможува повеќе интроспективни и академски алтернативи, кои ги охрабруваат стипендистите да најдат време да ги размислат, толкуваат и дискутираат за уметничките дела и практики.
Од стипендистите се бара да се водат дневник за време на едномесечната програма, како и да партиципираат во снимена дискусија на крајот на нивниот резиденциски престој.
http://apexart.org/fellowship/journal.php/tagged/jacob-severn/chrono
No Comments