logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

Blog

presstoexit / 2015  / Nationless: борбата продолжува – колекција

Nationless: борбата продолжува – колекција

Надворешни активности | Јане Чаловски | изложба  „Nationless: борбата продолжува- колекција“ | во организација на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје | Младински културен центар (МКЦ), Скопје| 4 април, 2015.
 
Уметници: Олсон Ламај [АЛ], Јорданис Стилидис [ГР], Марија Сари [ГР], Драган Протиќ-шкарт [СРБ], велимир жерновски [МК], Бранко Тешевиќ – STREET HERO [СРБ], Висар Арифај– Силна партија [КС], НАда Прља и Бранко Прља [МК], Ангелики Авгитиду [ГР], Милош Милетиќ и Мирјана Радовановиќ- КУРС (СРБ), Јане Чаловски и Наја Франгули [МК/ГР], Филип Јовановски [МК] и Ѓорѓе Јовановиќ [МК]. 
 
Проектот NATIONLESS цели да отвори простор за уметнички интервенции, да ги преобмислува и преиспитува актуелните проблеми на национализмот и неговата општествена на репродуктивна моќ во рамките на специфичен фокус на прекинатата комуникација и скоро целосното отсуство на соработка меѓу регионалните уметници и интелектуалци. Целта, сепак, не е да се надмине овој проблем на недостаток на соработка туку, попрво, преку уметнички интервенции да се предизвикаат конкурентните национализми во различните земји преку уметничко-политички и теоретски истражувања на идејата за „нацијата“. Политичкиот статус на „националноста“ е главниот столб на сите останати политички и социјални категории и процеси во овие земји. Тој го детерминира културниот капитал на националноста и националното потекло што понатаму врши влијание врз економските процеси и можностите за општествена мобилизација и солидарност. Затоа, целта на овој проект е проблематизирањето на националните/истичките идентитетски политики што се „инклузивни“ за едните, а секогаш „ексклузивни“ за другите и ја парализираат сета политика што ја разобличува светоста на етничкиот принцип на општествена мобилизација. Проектот претставува противтежа на постојните политички тенденции преку ангажирање на активисти за рушење на социјалните последици од популарниот национализмот.
 
Проектот претставува иновативен и интердисциплинарен приод кон развивање на алатки преку произведувачки процес и претставува придонес кон генералната современа практика во уметноста и теоријата во балканскиот регион. Овие алатки се отворени за нивна идна реапликација, модификација и адаптација, притоа овозможувајќи врз база на овој проект да произлезе нова трансформативна пракса. Со тоа се отвораат две перспективи: супстантивна/материјална – преку воведувањето на нови теоретско/уметнички алатки за борба против ширењето на националистичка мобилизација и субјективитети, и (2) формална/дискурзивна-групите кои учествуваат во настаните заедно со локалната публика ги проблематизираат политичките и културни тенденции на национализмот преку формална соработка која отвора простор за дискутирање на самоодржливо дејствување помеѓу вклучените учесници и по формалното завршување на овој проект.
 
АВТОНОМИЈА/ОСЛОБОДУВАЊЕ (AUTONOMY/LIBERATION) е првиот настан од проектот за регионална соработка NATIONLESS, заеднички труд на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, ДАМ-ДАШ (Шкарт и Едиција Југославија) – Белград и Универзитетот на Македонија – Солун – Оддел за Балкански, славистика и ориентални студии.

admin

No Comments

Post a Comment