logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

Blog

presstoexit / 2014  / Презентација на Јованка Попова на XLVII Интернационален конгрес на AICA, Јужна Кореја

Презентација на Јованка Попова на XLVII Интернационален конгрес на AICA, Јужна Кореја

Надворешни активности | презентација на Јованка Попова (MK) | XLVII Интернационален конгрес на AICA, Јужна Кореја National Museum of Modern and Contemporary Art, Seoul816 октомври, 2014

На овогодинешниот XLVII интернационален конгрес во организација на Меѓународното здружение на ликовни критичари AICA International, во Јужна Кореа, учество со своја презентација ќе има  Јованка Попова. Конгресот со заедничка тема под наслов Art Criticism in a Labyrinth се одржува во периодот од 8-16 октомври, во National Museum of Modern and Contemporary Art, Seoul  и Ramada Plaza Suwon.

Темата на конгресот ги поставува прашањата за улогата на уметничката критика во глобалното опкружување, новите пристапи кои можеме да ги предложиме и методологиите кои ни се потребни за да се справиме со различностите на изразот и комплексноста на современата уметност во светот и неопходноста од преиспитување на клучните прашања, како на пример, врската помеѓу критичарот и кураторот, пазарот на уметнички дела и уметничките институции, публиката и уметникот, уметноста и општеството.

Сиве овие фактори се меѓусебно поврзани и во потполност ги имаат изменето условите во кои се бавиме или изложуваме уметнички дела, како и нивната комуникација со публиката. Кризата на идентитетот на уметничката критика и проблеми со нејзиниот вредносен суд, влијаат на начинот на кој почнавме да размислуваме за нејзината улога и функција. Оттука, неопходно е да се разгледаат и некои од уметничките, економските, социјалните и технолошките фактори кои придонесуваат за оваа состојба. Грчката метафора за лавиринтот послужи како основа за критички дебати.

Трите под-теми, кои служат како основа за дискусија на конгресот, се: „Уметноста и уметничката критика во поделено општество“, „Критички пишувања во ерата на социјално вмрежување“ и „Дискурси на современата азиска уметност“.

Повеќе информации за програмата на конгресот, како и за целокупното случување, можете да најдете на следниов веб-сајт:

 http://www.aicakorea.org/

 

admin

No Comments

Post a Comment