logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

Blog

presstoexit / 2014  / Изложба „Капела (ние сите сме сами во ова)“ / Христина Иваноска и Јане Чаловски

Изложба „Капела (ние сите сме сами во ова)“ / Христина Иваноска и Јане Чаловски

Во истакната институција за современа уметност Кунстхале Баден-Баден на 5-ти септември се отвори изложбата „Капела (ние сите сме сами во ова)“ на уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски. Изложбата е преставена во галеријата „45 cbm“ посветена на нови современи и експериментални проекти. Изложбата ќе биде отворена до 17-ти октомври 2014.

Оваа најнова соработка на Иваноска и Чаловски, кои заедно создаваат од 2000 година, ја тематизира претставата за вербата како современа социо-политичка аномалија. Во галеријата „45 cbm“ е пресликана минималистичка форма на фрескописот во црквата од XII век „Свети Ѓорѓи“ од Курбиново во сразмер 1:3. Во ѕидниот цртеж се инкорпорирани поединечни дела на двајцата автори во форма на текст-базирани цртежи, конструкции, и објекти. Делата на авторите ги рефлектираат конфронтациите со своето сопствено политичко, социјално и духовно себство. Цртежите на Иваноска се инспирирани од списите на Симон Веил која e француски филозоф од еврејско потекло, христијански мистик и политичка активистка, и Лис Иригаре, француска феминистка, филозоф и културен теоретичар од белгијско потекло. Цртежите и објектите на Чаловски се однесуваат на поетиката во размислувањата и преписките на американскиот уметник Пол Тек како и на ликовниот јазик добиен преку физичко отстранување на сликите од иконите.

На отворањето поздравно обраќање имаше директорот на Кунстхале, Јохан Холтен, а вовед во концептот на изложбата одржа кураторката на изложбата Ксенија Чочкова.

Изложбата на Иваноска и Чаловски е исто така дел од фестивалот „Балкон кон Балкан“ кој ќе се одржи од 19 до 21 септември на Марктплац во Баден-Баден куриран од Чочкова. За таа цел тие ќе се претстават сo уште една инсталација во црквата Штифткирхе која е најстара градба во историскиот центар на градот.

 

admin

No Comments

Post a Comment