logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

Blog

presstoexit / 2014  / Предавање на проф. Гил Аниџар – “Раса, нација, религија”
00-Anidjar

Предавање на проф. Гил Аниџар – “Раса, нација, религија”

Почитувани,

Чест ни е да Ве известиме дека проф. Гил Аниџар (Gil Anidjar) ќе одржи предавање со наслов “Раса, нација, религија”. На предавањето ќе претходи промотивен говор на проф. Софија Грандаковска за делото на Аниџар. Настанот ќе се одржи во петок (9 мај, 2014 год.), со почеток во 19.00 часот во просторот на клубот ГЕМ (Клуб на Граѓани за европска Македонија) во Скопје и е дел од третото по ред издание на симпозиумот Кураторски размени 3: Курирање општество и продукција на моќ. Куратор на програмата на симпозиумот е Јане Чаловски.

“Раса, нација, религија” – три термини кои ги дефинираат колективите на начини кои се истовремено и необично компатибилни и некомпатибилни, прифатливи или неприфатливи, историски и аисториски, релевантни и ирелевантни. Не толку одамна, Балибар (Balibar) и Валерстеин (Wallerstein) зборуваа за “Расата, нацијата и класата“ – и интеракцијата меѓу нив. По пат на генеологија на видовите, и со помош на теоријата на Фројд (Freud), проф. Гил Аниџар ќе се фокусира на наведените разлики меѓу трите термини, она што тие го споделуваат и она што го прикриваат. Кажано поинаку, тој ќе ја преиспита древноста на религијата, изумувањето на нацијата и создавањето на расата. 

Предавањето ќе биде придружено со дискусија со публиката.

Кураторски размени е годишен симпозиум кој ја третира локалната и регионална потреба од квалитативна размена на знаење и искуства кои се однесуваат на уметнички истражувања, кураторски практики и едукација.

Кураторски размени 3: Курирање општество и продукција на моќ се одржува во периодот од 7 до 9 мај и е подготвен со намера да се осврне на прашањето за тоа како теолошки, политички и економски изведениот дискурс денес, може да курира општествено критички концепт, или, на кој начин дискурсот произведен од државата, теологијата и политиката се вклопува во денешниот културен контекст. Освен предавањето на проф. Гил Аниџар (Gil Anidjar) програмата вклучи и предавање од проф. Софија Грандаковска, изложба на уметницата Христина Иваноска и разговор помеѓу авторката и културниот теоретичар Искра Гешоска.

Гил Аниџар предава на Катедрата за религија и на Катедрата за студии по Среден Исток, Јужна Азија и Африка на Универзитетот Колумбија (САД). Тој е автор на „Нашето масто во Андалузија: Кабала, философија, книжевност во арапско-еврејските писма [2002]; „Евреинот, Арапинот: историја на непри-јателот“ [2003], „Семити: раса, религија, литература“ [2008] и „Крв: Критика на христијанството“ [2014]. Во моментов е гостувачки професор на Факултетот за медиуми и комуникации во Белград.

00-Anidjar

Софија Грандаковска е автор на: „Говорот на молитвата“[2003] и „Портретот на сликата“[2010], приредувач и коавтор на двојазичната хрестоматија „Евреите од Македонија и холокаустот: историја, теорија, култура“ [The Jews from Macedonia and the Holocaust: History, Theory, Culture][2011] и коуредник на двојазичното bookzine издание DOMA [HOME][2010]. Таа е кокуратор на мултимедијалната изложба „Евреите од Македонија и холокаустот“ (Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 2011, и Галерија на еврејската заедница во Белград, Белград, 2013).

Проф. Гил Аниџар

admin

No Comments

Post a Comment