logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

Blog

presstoexit / 2014  / Јане Чаловски – Хелсинки биенале 2014
z-img

Јане Чаловски – Хелсинки биенале 2014

Почитувани,

Имаме чест да ве известиме дека видео есејот „Hollow Land“ (или Пустелија) создадено 2010 година на Јане Чаловски ќе биде претставено во рамки на Хелсиншкото биенале за фотографија во 2014 година (Helsinki Photography Biennial 2014).

Биеналето, кое ќе се одржи во периодот од 27 март до 14 мај, 2014 година, во Хелсинки, вклучува серија од настани од областа на современата уметност кои се во релација со фотографијата. Организатори на биеналето се Union of Artist Photographers / Photographic Gallery Hippolyte во соработка со The Finnish Museum of Photography.

Куратори на овогодинешното издание се Башак Шенова (Basak Senova) од Турција,  Асоцијацијата Мустаринда (Mustarinda Association) од Финска и Бранко Франчески (Branko Franceschi) од Хрватска, во чиј фокус на интереси се прашања поврзани со социо-екологијата и политиката.

Во овој контекст кураторскиот проект на Башак Шенова насловен Ecological Fallacy (Еколошка заблуда) се осврнува на еколошките заблуди во статистиката, односно логичните грешки или погрешни претпоставки во толкувањето на статистичките податоци. Цел на истражувањето е да се преиспитаат аналогните грешки, нарочно и систематски изведувани од страна на владеачките сили, кои ја нарушуваат еколошката рамнотежа на светот. Проектот се однесува на грешките во еколошките сознанија и ја преиспитува врската меѓу еколошките податоци и фотографските архиви. Истовремено проектот вклучува уметнички пристапи и перспективи од различен вид, третирајќи ги истите како начин за производство и процесирање на очигледните критички, социјални и културни дискурси на овој тип на „грешки“. Изложбената поставка Ecological Fallacy вклучува 19 проекти од уметници од целиот свет.

z-imgКадар од видеото „Hollow Land”, Јане Чаловски, 2009.
Во сопственост на авторот и галеријата ŻAK | BRANICKA, Берлин.

Hollow Land“ (2009) е видео есеј за Ijburg (Ајбург) нов градски дистрикт во Амстердам,  изграден на неприроден осторв и во кој идејата за зедница е предвидена да се развива на основ на капиталистичките потреби на новите жители занемарувајки го социјалниот и културниот аспект. “На места без историја, што е она што го паметиме?“ е главно прашање кое го поставува авторот. Опфатен во момент на флукс, идентификуван преку неговите незавршени, суспендирани структури, Ijburg е место кое наликува на филмски сет, каде целокупната продукција може да се случи без воопшто да биде дистрибуирана „нормалноста“ на секојдневниот живот кој веќе е присутен. Проектот, кој во интервали е работен во периодот од 2006 до 2009 година, поседува силен перформативен карактер, структуриран како истражување од областа на пишувањето, изведувачките практики и филмот, во различни форми и контексти.

Рефлектирајќи ја и идеологијата на себе-реализацијата, а истовремено и идентификувајќи се со урбаните кодови и постулати, сценариото вклучува необична мапа од сплотени елементи и теории, вклучувајќи ја и онаа дека реалноста на општестваните очекувања е потисната од илузијата на политички проектираниот концепт за нова урбаност. Заклучок: „Фикцијата е неопходна“.

„Hollow Land“ е проект кој досега бил преставен во Амстердам, Виена, Каиро, Син ел Фин (Либија), Белград и Скопје, а е развиен за време на истражувачкиот престој на Јане Чаловски на Het Blauwe His (Сина куќа) во Ijburg, и инициран од Jeanne van Heeswijk.

http://www.hpb.fi/?lang=en/

admin

No Comments

Post a Comment