logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

Blog

presstoexit / 2014  / Претставување на проектот ZINES OF THE ZONE
zines

Претставување на проектот ZINES OF THE ZONE

Проектен простор Прес ту Eгзит, во соработка со Автономно културниот социјален центар (АКСЦ), Ве поканува на претставување на ZINES OF THE ZONE, патувачка библиотека составена од фотозини, фотокниги и останати DIY печатени материјали поврзани со фотографија, уметност и активизам.

zines
Со оглед на тоа што феноменот на издаваштво на фотокниги се зголемува и прераснува во тренд, фотографите и графичките дизајнери експериментираат со нивните можности во оваа област, а се повеќе галерии и колекционери стануваат засегнати за истите. Од причина, пак, што најчесто се печатат во ограничен тираж и се распродаваат за кратко време, стануваат тешко достапни за заинтересираните. Оттука ZINES OF THE ZONE е колектив од Франција, кој е поттикнат од идејата за создавање на библиотека, односно јавна збирка достапна за секого, без разлика дали нејзината печатена содржина е распродадена или не. Оваа збирка е репрезент на меморија, место кое ќе биде постојано и каде книгите ќе продолжат да живеат, инспираат и ре-интерпретираат. Само-издаваштвото како посебен вид на практика, заслужува да биде споделена.

zines2
Токму поради тоа, почнувајќи од јануари, па се до јули 2014 година, овој колектив, чии членови се Жули Хаское (Julie Hascoët), Гилом Тирие (Guillaume Thiriet) и Басиј Пеирад (Basile Peyrade), патувајќи низ Европа, се среќава со луѓе кои се инволвирани во полето на само-издаваштво. Нивната цел е да се здобијат со сознанија за поширокиот контекст на само-издаваштвото во Европа, за тоа кои се неговите иницијатори и од каде потребата за DIY печатени изданија.

Во склоп на нивната европска турнеја, на 13. 03.1014 (четврток) во организација на Проектен простор Прес ту Eгзит во Автономно културниот социјален центар (АКСЦ), а со почеток од 14.00 часот ќе се случи целодневен настан на кој ќе биде изложена содржината на библиотеката, а во рамки на кој, со почеток во 20.00 часот ќе се случи и претставување на самиот проект од страна на членовите на колективот. Настанот ќе биде отворен за јавноста, а публиката е поканета и да донира свои материјали кои ќе бидат дел од мобилната библиотека на наредните случувања во рамки на истата.

Повеќе информации за проектот ќе може да најдете на:
http://www.zinesofthezone.net/

admin

No Comments

Post a Comment