logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

Blog

presstoexit / 2014  / МСУ има кози уши

МСУ има кози уши

Надворешни активности | куратор Ивана Васева | МСУ има козји уши, изложба/инсталација | Музеј на современа уметност, Скопје (permanent exhibition) | 22 февруари 2014 – (…)
 
Што е она што останува запаметено во самите ѕидови на Музејот на современа уметност во Скопје што не излегува на виделина? И што, после 44 години, овој музеј на солидарноста, „зграда поникната од толку единствена и благородна идеја“, како што вели Блаже Конески во својата реч при отворањето на зградата на 13 ноември, 1970 год. , денес ни говори?  
Ова се двете прашања околу кои е конципирана оваа мини поставка во МСУ која е формирана во контекст на просторната инсталација „За независните – Според вистински приказни“, авторски проект на Христина Иваноска и Јане Чаловски. Таа тргнува од идејата за тајната или поточно за јавната тајна, според народната приказна за царот Трајан кој имал козји уши, и неможноста за споделување а со тоа и освестување за одредени констелации и ситуации. Во овој случај, овие витрини се простори каде се изговараат работите кои не можат (и не смеат) да се заборават или премолчат за да не се повторат.
Поставката ја сочинуваат повеќе видови на документи од МСУ како: разни договори, преговори, преписки и писма за благодарности,  новинарски текстови, споделувања на размислувања и лутења, излегувања од договореното, стравувања од непознатото и откажувањето.
Овој проект не претендира да даде целосна слика за сите набројани нешта. Ова е обид за размислување за друга, потенцијална  историја која бега од стереотипните и познати музеолошки фрази, која отвора нови идеи за сето она што може да биде една флуидна историја, еден жив музејки организам, една архива каде секој може да си го проектира своето размислување и замислување, без притисокот да формира дефинитивен одговор. 
Овој проект е направен во рамки на просторната инсталација „ЗА НЕЗАВИСНИТЕ – според вистински приказни“, авторски проект на Христина Иваноска и Јане Чаловски.

admin

No Comments

Post a Comment