logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

Blog

presstoexit / 2013  / Марко Стаменковиќ- покана
marko

Марко Стаменковиќ- покана

ПРОЕКТНИОТ ПРОСТОР ПРЕС ТУ ЕГЗИТ ве поканува на предавањето

„Југот како место од каде се гледа (а може и да се курира)“ на српскиот историчар на уметност, критичар и куратор Марко Стаменковиќ

Место: просторот Концепт 37 (ул. Рузвелтова бр. 37, Скопје)
Дата: понеделник, 9-ти септември, со почеток во 20 часот.

Овој настан е дел од второто издание на интернационалниот симпозиум Кураторски размени 2013.

„Југот како место од каде се гледа (а може и да се курира)“ е замислен како долгорочен проект, кој официјално започнува со ова предавање и работилница во Скопје, а се заснова на теоретско и практично преиспитување на кураторската и уметничка пракса согледани од местото наречено „Југ“. Што значи да се погледне светот од местото наречено „Југ“, зошто е неопходно да се размислува и промислува нашата практика во светот на современата визуелна уметност токму од оваа позиција, и како функционира во контекст на глобализацијата, каде идеите за таканаречениот глобален анти-имеријален Југ егзистираат во однос на тие од глобалниот империјален Север? Ова се едни од водечките прашања околу кои ќе се води предавањето и кураторската работилница во оваа еднодневна програма.

Дополнително, кураторска работилница на истата тема, концептуализирана и водена од Марко Стаменковиќ, е организирана со цел подетално да се продискутираат горенаведените прашања; да се идентификуваат нивните потенцијални релации со локалниот културен и уметнички контекст; и да се дефинираат следни чекори за практично реализирање на најплодните идеи кои ќе произлезат од оваа средба.

markoБожидар Јурјевиќ, Ружа од ветрови, 2009. Фотографија објавена со дозвола на авторот.

Информации за пријавување:

Работилницата ќе се одржи на 9-ти септември, во Концепт 37 (ул. Рузвелтова бр. 37), од 10 до 14 часот. Доколку сте куратори, уметници, теоретичари, студенти, или само сте заинтересирани за оваа тема и сакате да учествувте,  Ве молиме да се пријавите на следната интернет адреса: presstoexit@gmail.com, со назнака „Работилницата на Марко Стаменковиќ“.

Биографија на Марко Стаменковиќ:

Марко Стаменковиќ (1977, Врање, Србија) е историчар на уметност, критичар и куратор, докторант на Универзитетот во Гент, Белгија. Член е на Интернационалната асоцијација на куратори од современата уметност. Завршил Историја на уметност на Универзитетот во Белград – Филозофски факултет, Оддел за историја на модерната уметност со тезата „Теорија на прогледот и толкување на сликата“ (2003). Магистрирал Културни политики и културен менаџмент (УНЕСКО), на Универзитетот за уметност во Белград – Интердисциплинарни студии акредитирани од Универзитетот Лион 2, со тезата „Статусот на кураторските практики во пост-социјалистички услови“ (2005). Од 2011 година е докторант на Универзитетот во Гент – Факултет за уметност и филозофија, Оддел за филозофија и етички науки, Центар за етичко и вредносно истражување со докторка теза „Самоубиствени култури. Теории и практики на радикално повлекување – Транснационална културна и медиумска парадигма [2001-2011]“.
http://ugent.academia.edu/MarkoStamenkovic
http://markostamenkovic.wordpress.com/

Информација за Кураторски размени:

Симпозиумот е концептуализиран во 2012 како дел од програмата „Иницијатива за кураторски гостувања“, иницирана во 2005, се со цел да стимулира и поддржува истражување и имплементирање на нови кураторски проекти, како и да ги задоволи локалните и регионални потреби од прониклива и квалитетна размена на искуства и знаење во однос на уметничкото истражување, кураторските практики и едукација. Гости во 2012 година беа: Дороти Рихтер, Сузана Милевска, Софија Грандаковска, Славчо Димитров, Марко Стаменковиќ, Антонија Мајача и Башак Шенова.

Повеќе за ПРЕС ТУ ЕГЗИТ:

ПРОЕКТНИОТ ПРОСТОР ПРЕС ТУ ЕГЗИТ е основан во 2004 година од страна на уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски како посебна програмски-базирана уметничка иницијатива за истражување и продукција во полето на визуелните уметности и кураторските практики. Трите основни програми на делување се: Иницијатива за кураторски гостувања, Нови проектни продукции, и Предавања, публикации и изложби со уметници и куратори од Mакедонија, Европа и пошироко. http://www.presstoexit.org.mk

 

admin

No Comments

Post a Comment