logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

Blog

presstoexit / 2013  / Претставување на уметникот Јане Чаловски во рамки на кураторски проект во Токио
ouunpo day2-1

Претставување на уметникот Јане Чаловски во рамки на кураторски проект во Токио

18 – 27 јуни, 2013

Тековни активности | Претставување на Јане Чаловски |  кураторски “Godzilla and The Phoenix” во организација на OuUnPo |  Токио (Јапонија)

Во периодот од 18 до 27 јуни, 2013 година, македонскиот уметник Јане Чаловски ќе има свое претставување во рамки на кураторскиот проект насловен “Godzilla and The Phoenix” во Токио (Јапонија). Проектот е организиран од страна на OuUnPo, а негови координатори се  Пер Хитнер (Per Hüttner) и Самон Такахаши (Samon Takahashi).

ouunpo day2-1

Godzilla and The Phoenix е вториот од серијата настани организирани од  OuUnPo во кој митските претстави на Годзила и Феникс се искористени како референтни точки за дијалог и истражувачки процес со локални партнери во Јапонија. Целта на проектот е искористување на локалното знаење во насока на здобивање на нови сознанија за врската меѓу обновувањето и креативноста. Претставите на Годзила и Феникс, освен што можат да се толкуваат како репрезенти на истокот и западот, повторното раѓање и деструкција, истовремено потенцираат дека секоја општествена промена се базира на различен поглед врз светот. Во фокусот на секој настан е и прашањето за поврзаноста меѓу културното наследство и кризата, со цел да се истражат сличностите и разликите во однесувањето на луѓето кои, во различни земји, се соочуваат со ситуации на ре-обнова и најважно, како негативните ситуации можат да бидат искористени во насока на развој на нови идеи и идни решенија.

Првата сесија, организирана од страна на OuUnPo, беше одржана во Либан (во декември, 2012), а по случувањата во Јапонија групата ќе продолжи со натамошни истражувања во Шведска (мај, 2014) и Бразил (септември, 2014).

OuUnPo е група од уметници, куратори и истражувачи, меѓу кои и Чаловски, а која делува како мобилна лабораторија за ко-креација и споделување знаење преку нова уметничка продукција.

Проектот е инициран во соработка со Vision Forum, Global Art and the Museum од Карлсру (Karlsruhe, Германија)  и Linköpings universitet од Шведска.

На 19 јуни во Францускиот културен центар во Токио, уметникот Јане Чаловски и архитектот Никола Николовски имаа свое претставување во рамки на овој проект кој беше насловен „Приближени раслојувања“.

Во рамки на презентацијата Чаловски се осврна на своето досегашно истражување насочено кон знаењата кои недостасуваат од Мастер Планот за Скопје на Кензо Танге претставено преку два негови уметнички проекти Мастер План (2008) и Опсесивна поставка (2010). Николовски пак, го претстави своето критичко истражување поврзано со две големи реконструкции на градот Скопје, едната после земјотресот 1963 година која се однесува на Мастер Планот на Танге, а втората со имплементација на прокетот „Скопје 2014“. Оваа презентација е и најава за соработката меѓу овие двајца автори под истијот наслов „Приближени раслојувања“.   

http://ouunpojapan.blogspot.com/

admin

No Comments

Post a Comment