logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

Blog

presstoexit / 2013  / За љубовта или внатрешниот порив, прв дел од кураторскиот проект ПЕТ ВАРИЈАЦИИ НА СТАТИЧНОСТА: ТИШИНА
DSCN6271

За љубовта или внатрешниот порив, прв дел од кураторскиот проект ПЕТ ВАРИЈАЦИИ НА СТАТИЧНОСТА: ТИШИНА

// настан конципиран и реализиран од кураторката Ивана Васева

20 јуни 2013 год.

Тековни активности | Кураторски проект на Ивана Васева |  настан насловен „За љубовта или внатрешниот порив“ како дел од кураторскиот проект  ПЕТ ВАРИЈАЦИИ НА СТАТИЧНОСТА: ТИШИНА | 21 часот, City Jazz Club MОЈО

Во четврток на 20 јуни 2013 година, со почеток во 21 часот, во City Jazz Club MОЈО (ул. Луј Пастер бр. 3А, позади поранешно кино Култура) ќе се одржи настанот под наслов „За љубовта или внатрешниот порив“. Ова е прв од петте настани кои ќе се реализираат во рамки на проектот ПЕТ ВАРИЈАЦИИ НА СТАТИЧНОСТА: ТИШИНА конципиран и реализиран од кураторката Ивана Васева од организацијата ПРОЕКТЕН ПРОСТОР ПРЕС ТУ ЕГЗИТ од Скопје.

                     DSCN6271    odnaslovenoto

Настанот „За љубовта или внатрешниот порив“ е прв од серијата на настани кој во структурална смисла на самиот проект е почетокот на личната мотивација т.е. го презентира моментот кога ни станува јасна визијата за насоката на движењето придружена со силната желба за остварување. Тоа се оние мали секунди, кога се разбиструва погледот и се освестува видот. Но од друга страна, самото сознавање со себе ги влече и низата предрасуди и вгнездени стеретипни сфаќања како и засилениот страв и непријатност кои следат како гужва. И токму тој личносен судир води кон одлуката, желбата, поривот да бидеме тоа што сме и да го правиме тоа што го сакаме. Оттаму и со намера овој настан ја отвора и темата на љубовта која во нашето општество е ексклузивно дозволена само меѓу хетеросексуалните двојки како и да ја преиспита позицијата на другиот, исклучениот. Дали (и зашто?) емоциите се резервирани само за оние кои љубат според наметнатата матрица или „големите вкоренети правила“ или за сите кои сакаат искрено и без компромиси?!

       DSCN6274    DSCN6291

СОДРЖИНА:
– Беседата на Аристофан, Гозба или за љубовта, Платон;
– Инсталација во простор „ОДНАСЛОВЕНОТО“ на Велимир Жерновски;
– Читачка изведба на драмскиот текст „Стари миризби“ на Мишел Тремблеј од актерите Жарко Спасовски и Александар Михајловски, студенти на актерска игра од 4 година на Факултетот за драмски уметности;
– музички сет МАРИАГАРТА (Ф.Р.И.К. – Формација за развој на иницијативи во културата)

По него ќе следуваат и настаните*:
27 јуни, 2013 год. (четврток) – За хуманоста или функцијата на љубовтa;
4 јули, 2013 год. (четврток) – За сочувството или можноста за чувствена телепатија;
11 јули, 2013 год. (четврток) – За акцијата или интрузијата во самиот живот;
18 јули, 2013 год. (четврток) – За одговорноста пред себе и другиот.

*дополнително ќе се објават учесниците.

POSTER ljubov


ПЕТ ВАРИЈАЦИИ НА СТАТИЧНОСТА: ТИШИНА

Зашто само така се компонирани човековите животи. Компонирани се како музичко дело. Човекот, воден од смислата за убаво, го претвора случајниот настан (музиката на Бетовен, смртта на железничката станица) во мотив што ќе остане во композицијата на неговиот живот. Му се навраќа, го повторува, го менува, го развива како што композиторот ја развива темата на својата соната. […] Без да знае, човек го компонира својот живот според законите на убавината и во моментите на најдлабока безнадежност. […] Затоа не може да му се префрли на романот дека е фасциниран од тајната средба на случајностите (како што е средбата на Вронски, Ана, перонот и смртта, или средбата на Бетовен, Томаш, Тереза и коњакот), ама со право може да му се префрли на човекот дека во својот секојдневен живот е слеп за таквите случајности и така неговиот живот ја губи својата димензија на убавина.

Неподлосливата леснотија на постоењето
Милан Кундера

Постојат пет сосема случајни запознавања кои ја градат оваа приказна. Дека сите се појавија во одредени моменти на безизлезност е повеќе од точно ама дека некогаш помислив дека ќе формираат целина е далеку од намерното и планираното. Се собраа еден попладневен ден после еден понирачки длабок разговор на една тераса на ул. Орце Николов во Скопје, која наскоро и нема да постои, и добија целина.

Верувам дека човековиот живот е компониран како музичко дело кое го градат сплет од случајности и кои делуваат како знаци на иницијативност. Затоа и верувам дека ова што го нудам има смисла. А тоа што има смисла е што сите случајности реферираат на една обична човекова активација или решителност да се оттурне пасивизираното секојдневие, која се движи од внатрешниот порив преку мотивот, водечките нагони и планираните чекори сé до качувањето во возот во една нелинеарна траекторија исполнета со тишина.

Која е идејата преку која се разгледува овој концепт?

Или можеби најпрво прашање е, зашто го правиме она што го правиме?

Идејата на овој петчлен проект е преку посебни настани да ја преиспита нашата внатрешна решеност, одлучност и спремност да направиме чекор напред, да исчекориме во „непознатото“ поради верувањето во слободата и убавината. Преку пет зададени точки: за љубовта или внатрешниот порив, за хуманоста или функцијата на љубовта,  за сочувството или можноста за чувствена телепатија,  за акцијата или интрузијата во самиот живот и за одговорноста пред себе и другиот, овој проект е обид да допре до внатрешните, тенки нишки на себе-искусувањето но и до сложеноста на  релацијата со другиот.

Изложбата ја градат пет настани составени од дела од визуелната, литературната, музичката, филмската и активистички-насочената уметност веќе создадени но сега сврзани во една целина и кои заеднички водат кон една јасна индивидуална емотивна стимулација.

Од друга страна, во време кога нештата зовриваат и се чини се движат кон критична точка, едно од клучните прашања кои директно се поставуваат е  – дали има ефект она што го правиме?

Јас ќе прифатам два одговара. Во еден разговор добив одговор дека најважното кај уметноста е тоа што успева на најискрен начин да ги покрене емоциите и да не трогне до степен на активно реагирање и возвраќање на поставеното прашање а во друг дека за да биде така ќе треба само да се канализира и сосредоточи вревата. Тогаш ќе остане она што е важно. Мислам дека понатаму не треба многу зборување.

И.В.


ВО ШПИЦА:
Посветено на Јане Чаловски и Маја Васева
И огромна благодарност до Марија Николовска, Михајло Ангеловски, Ана Лазаревска, Христина Иваноска, Кристина Леловац, Јованка Попова, Филип Јовановски и секако до учесниците!

Facebook линк: https://www.facebook.com/events/322238737909878/?ref=22

 

admin

No Comments

Post a Comment