logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

Blog

presstoexit / Archive2  / Изложба: Каде да (не) одиме?

Изложба: Каде да (не) одиме?

Ноември 22 – 25, 2012

Интернационално претставување | Проектен простор Прес ту Егзит од Скопје (MK) | изложба „Каде да (не) одиме?“ | Contemporary Istanbul (саем за уметност)

Проектниот простор Прес ту егзит има чест да го најави своето учество на 7-мото издание на Contemporary Istanbul, прв и најголем уметнички саем во Турција кој ќе се случува во периодот од 22-25 ноември, 2012 година, во Конгресниот и изложбен центар (ICEC) на Истанбул. Саемот ќе понуди презентација на широк спектар на уметнички дела од околу 600 уметници и 100 домашни и интернационални галерии и непрофитни организации.  Низ посебната селекција Нови хоризонти (New Horizons: Central & Eastern Europe), во чиј фокус се современите уметнички практики од Централна и Источна Европа, Contemporary Istanbul ќе се најде во улога на домаќин на многубројни галерии, куратори, издавачки куќи, критичари и колекционери од регионот.


Велимир Жерновски, Independence day, 2011

Свое претставување на саемот, проектниот простор Прес ту егзит ќе има преку делата на 8 македонски уметници во рамки на изложбата „Каде да (не) одиме?“ („Where (not) to go?“) кој се однесува на шпекулативните поими на нарацијата, како историски, така и лични. Како да се зборува за она што се случило во минатото, она што допрва ќе се случи како резултат на истото, како и за сите релевантни проекции за тоа како историјата ќе се трансформира во линеарни / нелинеарни приказни во годините што доаѓаат? Каква ќе биде користа од уметничките практики кои се занимаваат со историски толкувања, фактички истражувања и објектификација на употребата на наративни форми, било да станува збор за она што веќе е познатото, или  шпекулативно? Каков е односот на публиката, кон уметничките практики кои се обидуваат  да не информираат за исчезнатите линкови, за заборавените или незабележани историски епизоди кои се поврзани или се однесуваат на нас, додека имаме амбивалентен однос кон конфронтирачките морална влакна на сегашноста? Во исто време, како ние, со нашата кураторска одговорност, можеме да се застапуваме за идејата дека “современата историја (е) основен елемент на современите уметнички практики”, на кој начин ги читаме, ре-контекстуализираме и како се однесуваме кон зборовите и делата на  уметниците кои се обидуваат  – на достатно убедлив начин – да дадат свежи погледи и визии на скорешните истории, како во дијалектичка, така и во идеолошка смисла?

Ова се само некои од многуте прашања кои произлегуваат од текот на истражувањето на темата за личната одговорност во однос на идеолошките конструкции и линеарна историски двосмислености.

Изложбата „Каде да (не) одиме?“ е една од етапните презентации на развојниот кураторски проект на Јане Чаловски кој се реализира во рамки на кураторските активности на проектниот простор Прес ту егзит.

Во рамки на изложбата ќе бидат претставени делата  на уметниците Јане Чаловски, Инес Ефремова, Христина Иваноска, Ѓорѓе Јовановиќ, Филип Јовановски, Владимир Лукаш, Игор Тошевски и Велимир Жерновски. Избраните уметници се поврзани во кохезивен колектив, пред се, преку политичките и социјалните аспекти на нивните селектирани дела.

admin

No Comments

Post a Comment