
2012
|
Изложба: Каде да (не) одиме? Интернационално претставување | Проектен простор Прес ту Егзит од Скопје (MK) | изложба „Каде да (не) одиме?“ | Contemporary Istanbul (саем за уметност) Проектниот простор Прес ту егзит има чест да го најави своето учество на 7-мото издание на Contemporary Istanbul, прв и најголем уметнички саем во Турција кој ќе се случува во периодот од 22-25 ноември, 2012 година, во Конгресниот и изложбен центар (ICEC) на Истанбул… |
|
|
Промоција на книга: Јане Чаловски: OBJE’CT 24 Ноември, 2012 Тековни активности | Промоција на книга Јане Чаловски | OBJE’CT | саем за уметност Contemporary Istanbul 2012, сала за конференции на Центарот за собири и изложби во Истанбул | текстови од Башак Шенова, Астрид Веге и Себастијан Цихочки OBJE’CT е првата книга од серијата „Kниги за уметници“ чии дела припаѓаат на уметничката колекција на Зорлу центарот во Истанбул, а е курирана од Башак Шенова. Таа е скромен обид да се укаже на специфичните карактеристики, развојните дилеми и насоки во уметничката колекција на Зорлу центарот, преку насоката на размислување и делување на Чаловски. |
|
|
Самостојна изложба на Христина Иваноска Тековни активности | самостојна изложба на Христина Иваноска | Ова е земјата во која младите девојки прснуваат во смеа без многу двоумење | Музеј на современа уметност, Скопје| куратор на изложбата Мира Гаќина |
|
Кураторски размени | Симпозиум и работилница Почитувани, Ни претставува огромно задоволство да ве поканиме на интернационалниот симпозиум Кураторски размени кој ќе се одржи во периодот од 13 до 16 Јуни 2012 година во клубот ГЕМ во Скопје а во организација на Проектен простор Прес ту Егзит од Скопје. Гости- предавачи: Сузана Милевска (Македонија), Башак Сенова (Турција), Антониа Мајача (Хрвaтска), Марко Стаменковиќ (Србија), Софија Грандаковска (Македонија), Славчо Димитров (Македонија), Дороти Рихтер (Швајцарија), и Јане Чаловски (Македонија) во улога на модератор на настанот. |
||
|
Art Spaces Directory Надворешни активности | Проектен простор Прес ту Егзит од Скопје (MK) | Art Spaces Directory (публикација) | издадена од New Museum (NYC) | The Art Spaces Directory е интернационален водич за простори кои ги негуваат и поддржуваат современите уметници и уметнички практики. Структурирано врз основа на модел за „Музејот како стожер на активности“, Триеналето на New Museum во 2012 година, насловено “The Ungovernables”, инкорпорира соработка со мрежа на куратори, организации и уметници од секаде низ светот, вклучувајќи го и музејот како централен партнер. Нивните активности и придонеси се инспирација за публикување на Art Spaces Directory, ресурсен извор на информации за над 400 независни уметнички организации од 96 земји во светот. |
|
|
GAM– Global Art and the Museum Надворешни активности | Презентација на Проектен простор Прес ту Егзит од Скопје (MK) како дел од Moca of the Month | GAM – Global Art and the Museum (DE) | Интервју со Јане Чаловски, уметнички директор на Проектен простор Прес ту Егзит, кој говори за предизвиците на креирањето и управувањето со експериментални уметнички простори, вон традиционалните сфаќања за современите уметнички практики. |
No Comments