logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

Blog

presstoexit / Archive2  / КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ

КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ

Симпозиум и работилница
13-16 .06. 2012 | клуб ГЕМ | Скопје

Почитувани,

Ни претставува огромно задоволство да ве поканиме на интернационалниот симпозиум Кураторски размени кој ќе се одржи во периодот од 13 до 16 Јуни 2012 година во клубот ГЕМ во Скопје а во организација на Проектен простор Прес ту Егзит од Скопје.

Гости- предавачи: Сузана Милевска (Македонија), Башак Сенова (Турција), Антониа Мајача (Хрвaтска), Марко Стаменковиќ (Србија), Софија Грандаковска (Македонија), Славчо Димитров (Македонија), Дороти Рихтер (Швајцарија), и Јане Чаловски (Македонија) во улога на модератор на настанот.


Кураторски Размени е симпозиум кој ја третира локалната и регионална потреба од квалитативна размена на знаење и искуства кои се однесуваат на уметнички истражувања, кураторски практики и едукација.

СИМПОЗИУМОТ е форум со гости-предавачи од Македонија и регионот на Западен Балкан и пошироко, кој е отворен за јавноста, а кој се однесува на адресирање на прашања поврзани со општествени, политички и културни идентификации на рецентните кураторски и истражувачки практики. Програмата на симпозиумот се состои од четири вечерни сесии, во кои ќе се презентираат и дискутираат скорешните кураторски теоретски и истражувачки проекти. Во негови рамки, учество со свои презентации ќе земат: Сузана Милевска (Македонија), Башак Сенова (Турција), Антониа Мајача (Хрвaтска), Марко Стаменковиќ (Србија), Софија Грандаковска (Македонија), Славчо Димитров (Македонија), Дороти Рихтер (Швајцарија), и Јане Чаловски (Македонија) во улога на модератор на настанот.

Кураторски Размени како проект се однесува на прашања кои ја потенцираат потребата од преиспитувања на улогата на кураторот и можноста тој да се најде во улога на генератор и двигател на нови социо-политички и културни промени. Исто така, oсвен што дава увид во колективните регионални и интернационални перспективи на полето на кураторските практики, и интегрира нови знаења и експертизи во контекст на случувањата на македонската и западно-балканска уметничка сцена, една од неговите цели е да создаде платформа за размена на идеи и знаење кои ќе продолжат да се развиваат, анализираат и продуцираат и во иднина.

Програмата вклучува и кураторска работилницата за млади куратори која иницира процес на размена и развој на критичко, интердисциплинарно и хибридно знаење во полето на кураторските практики и современата визуелна уметност и култура.

РАБОТИЛНИЦАТА која е наменета за куратори, уметници и музејски работници, критичари и активисти, како и истражувачи од областа на хуманистичките и социјални науки, кои се заинтересирани да го прошират своето знаење во областа на  современите кураторски практики и стратегии, ќе биде предводена од Дороти Рихтер, раководител на постдипломските студии за кураторство на Институтот за културни студии при Универзитетот за уметност во Цирих. Учесниците на работилницата ќе имаат можност да се запознаат со низа концепциски, едукациски и активистички практики, поврзани со процесот на курирање изложби од областа на современата уметност, особено во рамки на денешниот комплексен социо-културен, политички и економски контекст, како и да развијат низа практични алатки и методи кои помагаат за усовршување на нивните интерпретативни и критички пишувачки способности. Асистент за време на одржувањето на работилницата ќе биде Ивана Васева, член на проектниот тим на Прес ту Егзит и учесник на кураторската програма на де Апел уметничкиот центар во Амстердам, за 2011/2012 година.

Кураторски Размени ќе биде реализиран како дел од ‘Гостувачки кураторски иницијативи’, програма иницирана од проектниот простор Прес ту Егзит, во 2005 година, која се стреми да стимулира и подржува истражувања и имплементација на нови кураторски проекти од млади и признати интернационални и локални куратори.

Подржано од: Про Хелветиа – Швајцарска програма за култура и други партнери.

За сите дополнителните прашања поврзани со концептот и програмата на проектот можете да го контактирате Јане Чаловски, програмски директор на проектнот простор Прес ту Егзит, на: presstoexit@gmail.com и yanecalo@gmail.com.

Во прилог е распоредот за меѓународната работилница и симпозиум:


Програма

Среда | 13. 06. 2012
10h13h
Прва сесија од работилницата предводена од Дороти Рихтер
(сесија од затворен тип, само за учесниците на работилницата)
19h – 20h
Дороти Рихтер: Развој на кураторството и посредувањето во современата уметност
(јавна презентација)
20.30h22h
Марко Стаменковиќ: Оспорените и осудените;  и
Славчо Димитров: Емоционална архива на квир искуства
(јавни презентации)

Четврток | 14.06.2012
10h13h
Втора сесија од работилницата предводена од Дороти Рихтер
(сесија од затворен тип, само за учесниците на работилницата)
20:30h22h
Башак Сенова: Изгубени во меморија; и
Софија Грандаковска: Евреите од Македонија и холокаустот
(јавни презентации)

Петок | 15.06.2012
10h13h
Трета сесија од работилницата предводена од Дороти Рихтер
(сесија од затворен тип, само за учесниците на работилницата)
20h21:30h
Сузана Милевска: Курирање ромски протокол; и
Антониа Majaчa: Можеш ли да зборуваш за ова? Изложбата како училница за тешки прашња
(јавни презентации)

Сабота | 16.06.2012
10h13h
Четврта сесија од работилницата предводена од Дороти Рихтер
(сесија од затворен тип, само за учесниците на работилницата)
20h21:30h 
Јавна презентација на учесниците на работилницата/ Дороти Рихтер

 

*Вашето присуство ќе ни претставува посебно задоволство и чест.

admin

No Comments

Post a Comment