logo
A powerful architecture & Construction theme. Construct your website in the perfect Ratio.
Alienum phaedrum torquatos nec eu, vis detraxit periculis ex, nihil expetendis in mei. Mei an pericula

Blog

presstoexit / Hacking the Future  / За проектот

За проектот

Автори на проектот:
Велимир Жерновски, Јованка Попова, Елена Тренчева


Hacking the Future е отворен, партиципативен, истражувачки проект кој има за цел да иницира процес на структурно мапирање и критичко позиционирање на уметнички практики и различни видови на граѓански активизам кои се однесуваат на стратегиски делувања поврзани со јавниот простор, медиумската сфера, дигиталната култура и новите медиуми.

Проектот беше конципиран и идејно развиен во рамки на работилницата насловена „Развој на курирањето и посредувањето во современата уметност“, раководена од д-р Дороти Рихтер, која беше дел од интернационалниот симпозиум и работилница „Кураторски Размени“, организирани од проектниот простор прес ту егзит во Скопје, во 2012 година.

Проектното истражување се заснова на архивски модел со отворена структура која е во процес на постојано надополнување, а која, во еден свој дел дел, третира ризомско надоврзување на дигитални архиви и ресурси на знаења со сличен предмет на интерес…

Комбинирајќи методологија на архивирање на интернет линкови и материјали со тактички форми на здружено или индивидуално делување преку нови медиуми, како и едукативно самообразување преку достапна веб-библиотека, проектот цели да испровоцира прашања и реакции на теми кои се однесуваат на самите медиуми, опресивните механизми поврзани со цензура, стереотипни идентитетски одредници, како и активности поврзани со специфични маргинализирани ентитети во јавната сфера во одреден социјален контекст.

Претставените проекти се однесуваат на историографски обиди и современи тактички уметнички практики кои делуваат врз обликување или разобличување на социо-нормативите во јавната сфера, вклучувајќи го и виртуелното како мултидимензионален јавен простор за делување, и тоа преку различни видови на „хакерски” практики врз веќе воспоставената хетеронормативна матрица.

Уметниците кои дејствуваат и се користат со социјалните и електронски мрежи или други видови на комуникациски системи, освен во улога на социо-дизајнери и едукатори, „уживаат” да прават атак врз комфорот и летаргијата на секојдневниот живот.

Проектот вклучува претставување на уметници и уметнички практики, активисти, познавачи од областа на технологијата, електрониката, слободните софтвери, и културни работници кои се стремат кон систематичен увид и пенетрација во системските кодови на социјалните и институционални опресивни механизми поврзани со дистрибуцијата на моќта преку медиумите, а кои се користат со алтернативни и перварзивни репрезентации, тактички методи и инвенции за остварување на интерес во полето на социјалната интеграција, родова еднаквост, културно-политички стратегии, итн.

Тактичките медиуми никогаш не се совршени, во постојан процес на развој и менување, перформативни и прагматични, постојано ги преиспитуваат медиумите и начините преку кои функционираат. Иако вклучуваат алтернативни медиуми, тие не се ограничуваат само на таа категорија. Поимот “тактички” стреми да ги „руши” дихтомиите на ограничување од било хој вид: аматерски наспроти професионално, алтернативно наспроти мејнстрим, па дури и дури и приватно наспроти јавно. Неговите хибридни форми се секогаш привремени (Lovink, G).

Индивидуалци или неформални групи, заинтересирани за активистички и уметнички практики кои се во релација со тактички медиуми, ќе можат да доставуваат предлози на поставената веб-платформа и е-маил адреса (presstoexit@gmail.com), а која ќе биде достапна за споделување на материјали од веќе реализирани проекти, идеи и предлози за идна реализација, линкови и литература поврзани со истите.

admin

No Comments

Post a Comment